• Latest

За безбедносен сертификат за државна тајна нема двојно државјанство, за строго доверливо ако е државјанин на членка на НАТО

October 28, 2019
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За безбедносен сертификат за државна тајна нема двојно државјанство, за строго доверливо ако е државјанин на членка на НАТО

October 28, 2019 14:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За безбедносен сертификат со степен државна тајна лицето да нема двојно државјанство, додека  за безбедносен сертификат со степен строго доверливо да не е државјанин на држава која не е членка на НАТО.

Ова е усогласениот амандман помеѓу пратениците од опозицијата и позицијата, што беше прифатен по подолга дискусија на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања на чиј дневен ред единствена точка беше Предлог-законот за класифицирани информации, во второ читање. Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ меѓу другото бараа за безбедносен сертификат со степен строго доверливо лицето да не е државјанин на држава која не е членка на НАТО и на ЕУ, што не беше прифатено од страна на владиниот претставник.

-Главен ограничувачки фактор за пристап до информации со класификација државна тајна е принципот „потребно е да знае“, потенцира министерката за одбрана Радмила Шекеринска и додаде дека двојното државјанство е дополнително ниво на заштита. Појасни дека во таа насока лицата треба да се селектираат по основ на тоа што работат и за што одлучуваат, а не по основ на државјанство. Сугерираше да не се водат од политиката дека овој  закон за класифицирани информации не треба да прави разлика меѓу Алијансата и другите земји, затоа што е извесно членството во НАТО , а постои и разлика помеѓу земји-членки на НАТО и оние што не се.

– Погрешно е да се мисли дека со тоа што ќе воведеме построги услови ќе го намалиме бројот на иматели на пристап до класифицираните информации строго доверливо и државна тајна. Обратно треба да биде. Не смее бројот на луѓе кои имаат право на пристап до државна тајна да биде голем. Пристап до такви класифицирани документи  треба да имаат мал број луѓе, рече меѓу другото Шекеринска.

Таа информира дека во моментот пристап до такви класифицирани документи за државна тајна во МО, без Армијата, немаат повеќе од десетина лица. Во минатото, според Шекеринска злоупотребата на класифицирани информации била инструмент на политичка, финансиска или лична пресметка.

На прашање на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Никола Попоски дали ограничувањето за безбедносните сертификати со степен строго доверливо со двојното државјанство со земји кои не се членки на Алијансата е барање на НАТО, Шекеринска потенцира дека ова е прашање кое национално треба да се реши затоа што решенијата во одделни земји се различни од порестриктивен до многу полиберален пристап.

Министерката за одбрана Шекеринска не го прифати амандманот од опозицијата со кој бараа да се отстрани можноста дадена во Предлог-законот за назначување заменик-директор на Дирекцијата за безбедност на калсифицирани информации. Прифатен беше амандманот од пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, надлежна медицинска установа да утврдува за намалена или не ментална состојба за губење на веќе добиените безбедносни сертификати.

Претходно, Собранието на продолжение на 114-та седница ја утврди потребата од носењето на новиот законот за класифицирани информации и го даде на натамошно читање.

Образложувајќи го Предлог законот, министерката Шекеринска тогаш рече дека ова законско решение подразбира сериозно прилагодување кон европските регулативи меѓутоа, како што додаде, најважно е дека гарантира и високо ниво на усогласеност со стандардите и принципите при ракување со класифицирани информации на Алијансата.

-Законот е една од важните карики што треба да го обезбеди не само нашето членство во НАТО, туку треба да го обезбеди нашето учество како партнер на кој НАТО може да се потпре, рече Шекеринска.

Во законот за класифицирани информации, како што истакна, се прави добар баланс помеѓу заштита на информациите и она што е многу важно и помеѓу злоупотребата на класифицирањето на информации за да се покријат злоупотреби.

Како еден од проблемите, таа тогаш го посочи тоа што преголем број лица во различни сектори од државата имале НАТО сертификати од најразлични причини.

Додаде дека само во секторот одбрана бројка од 1.200 до 1.500 лица кои поседуваат сертификати сега се намалува на 200 до 300.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ