• Latest

Заев: Владата во соработка и поддршка на локалните самоуправи ќе го помага модернизирањето на јавните претпријатија

October 28, 2019
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Владата во соработка и поддршка на локалните самоуправи ќе го помага модернизирањето на јавните претпријатија

October 28, 2019 15:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавните комунални претпријатија се од исклучителна важност за секојдневието на секој граѓанин. Животот и секојдневието на граѓаните да функционираат во чиста, здрава и достоинствена животна средина. Обединети во оваа своја асоцијација, како место за заедничка размена на искуства и утврдување на приоритетите, членките на АДКОМ го даваат својот придонес како одговорни компании, истакна премиерот Зоран Заев денеска во своето обраќање по повод јубилејот – 15 години АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги.

Како исклучително важна ја оцени улогата на јавните комунални претпријатија во општините, и дека е особено значајна иницијативноста низ АДКОМ за да се артикулираат заедничките насоки и препораки за да се постигне висок степен на функционални комунални јавни претпријатија за развојот и квалитет на услугите што им ги испорачуваат на граѓаните и на локалните заедници.

-Денеска сум овде да ве уверам дека ја имате поддршката и од Владата на нашата земја. Стабилни и функционални јавни претпријатија се висок општествен приоритет и ќе останат висок приоритет на Владата во соработката и поддршката на локалните самоуправи. Она што заедно можеме да го оствариме во наредниот период е да го помагаме модернизирањето на јавните претпријатија. На Владата останува да го одржи континуитетот за пристап на општините и на јавните комунални претпријатија до програмите за донации и грантови за развој, преку домашните, европските и другите меѓународни фондови. На вас останува да работите на оптимизирање и на намалување на трошоците во работата, на намалување на губитоците во системите, потенцираше Заев.

Додаде дека Владата останува и понатаму да се грижи за раст на животниот стандард на граѓаните, за помагање на сите категории граѓани со социјален ризик за да можат редовно да си ги плаќаат на време давачките за да се обезбеди редовно работење на комуналните претпријатија и за создавање услови и фер пристап до јавните добра, спречување на монополизација и заштита на правата на граѓаните.

Претседателот на АДКОМ, Зоран Горгиев, во своето обраќање нагласи дека денес, 15 години по основањето АДКОМ претставува неопходен и значаен механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на Јавните комунални претпријатија.

-Уверени сме дека улогата и капацитетите на АДКОМ во наредниот период ќе се зголемуваат и продлабочуваат и преку соработка со институциите и програмите на Европската унија, имајќи ги во предвид предизвиците кои што стојат пред нашите комунални претпријатија со цел да се зголеми ефективноста и ефикасноста на работењето, да се обезбедат подобри и достапни услуги кон граѓаните и да се постигнат европските стандарди во комуналната сфера, рече Горгиев.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ