• Latest

Форум за управување со интернет: Најголем непријател на лажните вести е вистината – да ѝ обезбедиме канали

October 28, 2019
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Форум за управување со интернет: Најголем непријател на лажните вести е вистината – да ѝ обезбедиме канали

October 28, 2019 15:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На третиот Форум за управување со интернет што денеска се одржа во Скопје со свој придонес на темите отворени на форумот, говореа министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и Марјан Забрчанец посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев.

Министерот Поповски во своето обраќање рече дека иако терминот „управување“ подразбира дека управувањето со интернетот подразбира одредена рамка на правила, управувањето со Интернет мора да се погрижи Интернетот да остане глобален, отворен и слободен простор, и простор каде луѓето уживаат исти права и имаат ист степен на заштита.

„Во нашата земја, која не многу одамна имаше сериозни проблеми со слободата заради репресивните политики во сферата на медиумите и слободата на изразувањето, интернетот беше единственото место за слободоумната мисла. Затоа наша обврска е да ги направиме можностите на Интернет отворени за сите: Со намалувањето или целосното укинување на дигиталниот јаз, со гаранции за еднаков пристап и со овозможување придобивките од мрежата да им припаѓаат на сите. Без исклучок. Во таа насока на Форумот за управување со интернетот Македонија гледам како на точка од која на креирањето на нашата визија ќе и посветиме поизострен фокус и поголема енергија со колку што е можно пошироката инклузивност на сите засегнати страни. Интернет просторот им припаѓа на сите. Ниту една страна нема, ниту може да има ексклузивно право во оваа сфера“, рече министерот Поповски во своето обраќање.

Посебен акцент на овој настан министерот Поповски стави на справувањето со манипулативната пропаганда на интернет како мрежа преку која изворите на лажните вести се „пуштени“ на максимум.

Како една од мерките за борба против лажните вести од Планот за одлучна акција против ширењето на лажните вести на Владата на Северна Македонија ја издвои медиумската писменост која ќе биде многу позастапена во образованието, и дека во еден процес на активно партнерство со граѓанскиот сектор ќе се спроведат програми и тренинзи за медиумска писменост и за вработените во државната администрација.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, во еден дел од своето обраќање се задржа на имплементацијата на 5Г во Република Северна Македонија за значителен пораст на квалитетот интернетот за корисниците, за поголема сигурност и за проширување на бројот на понудени услуги за граѓаните.

„Клучната мерка за поддршка на Националниот оперативен бродбенд план е создавањето на јавна оптичка мрежа, која главниот фокус го става на максимизирање на поволностите од имплементацијата на 5Г, вклучително и развојот на економскиот пазар преку поддршка и развој на нови услуги во различни вертикални сегменти на пазарот“, истакна заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Во делот на панелот на Форумот за управување со интернетот посветен на темата „Mедиуми – медиумска писменост, регулација – саморегулација – борба против дезинформации“, Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата Заев, истакна дека владата тргнува од својата програмска и стратешка определба за објективно и транспарентно информирање за своето работење, и дека следејќи ги овие принципи од последна во регионот денеска е лидер по транспарентно работење и информирање на јавноста за своите политики.

„Најголем непријател на лагата е вистината, и затоа напорите и политиките на сите засегнати страни треба да одат во насока на обезбедување канали за ширење на вистината. Треба да го поттикнуваме сомнежот и да создаваме критички настроена јавност која ќе има капацитети да ги препознава лагите и да ја шири вистината. Најважно е да се прашаме што можеме сите ние да направиме во борбата против лажните вести и дезинформации, сите засегнати од овој феномен, за да се справиме со оваа појава која сериозно ги поткопува демократските вредности, ја поттикнува омразата и конфликтите. Медиумската писменост е само една од мерките и за таа цел веќе е покрената иницијатива со граѓанскиот сектор кој има одлично искуство во оваа сфера, и со институциите на Владата, пред сѐ Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, да се исцртаат контурите за најдобар, применлив и одржлив модел за медиумска писменост во образованиот процес“, информираше Забрчанец.

Тој додаде дека во делот на соработката со медиумите на овој план, Владата целосно ќе ја поддржува саморегулацијата како методологија според која медиумите самите ќе понудат решенија според професионалните кодекси и стандарди, и во таа насока истакна дека е од особен придонес е листата на медиуми кои се придржуваат до овие начела што ја подготвуваат Советот за етика во медиумите и Здружението на новинарите.

Фотографија и видео: Влада на РСМ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ