• Latest

Зголемена е трговската размена

November 5, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зголемена е трговската размена

November 5, 2019 12:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 294 523 592 илјади денари и бележи пораст од 13.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2019 година изнесува 378 291 909 илјади денари, што е за 11.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 83 768 317 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 77.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – септември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 4 788 561 илјада евра и бележи пораст од 13.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 150 568 илјади евра, што е за 11.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 1 362 007 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 5 377 820 илјади САД долари и бележи пораст од 6.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 910 889 илјади САД долари, што е за 4.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 1 533 069 илјади САД долари.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ