• Latest

Глобална заложба да се унапреди сексуалното и репродуктивното здравје и репродуктивните права реалност за сите

November 11, 2019

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Глобална заложба да се унапреди сексуалното и репродуктивното здравје и репродуктивните права реалност за сите

Самитот во Најроби се одржува 25 години по меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД), каде 179 влади повикаа на зајакнување на улогата на жените и девојчињата во сите сфери во нивните животи, вклучително и во области што се однесуваат на сексуално и репродуктивно здравје.

November 11, 2019 12:26
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Акциите за да се спасат животи на мајки и да се запре насилството врз жените и девојчињата до 2030 година се во фокусот на тридневниот глобален самит што започнува утре во Најроби, јави МИА.

Самитот во Најроби се одржува 25 години по меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД), каде 179 влади повикаа на зајакнување на улогата на жените и девојчињата во сите сфери во нивните животи, вклучително и во области што се однесуваат на сексуално и репродуктивно здравје.

–Кенија е горда да биде домаќин на 6.000 светски лидери, претставници на невладини организации, млади луѓе, деловни и верски лидери и многу други од 160 земји, изјави   Макарија Камау, главен секретар во Министерството за надворешни работи на Кенија.

– Кенија ќе биде пред и центар во овој момент за жените и девојчињата во светот.

На самитот, највисоки владини претставници, вклучително и шефови на држави, парламентарци и претставници од невладини организации, ќе објават финансиски и програмски обврски, политики и други иницијативи со цел да се постигнат сите цели утврдени во МКПД во 1994 година.

Досега , преземени се повеќе од 1.000 обврски, беше истакнато на прес конференција.

–Наидовме на долг пат во исполнувањето на нашата глобална заложба да го направиме сексуалното и репродуктивното здравје и репродуктивните права реалност за сите, нагласи Артур Еркен, директор за комуникации и стратешки партнерства во УНФПА.

–Но, ние се уште имаме долг пат, пред да можеме да кажеме дека ја постигнавме таа цел, додаде тој. –Ние мора да ги засилиме нашите напори да ги направиме современите контрацептиви достапни за сите што сакаат и имаат потреба од тоа, да ја подобриме здравствената заштита на мајките и да ги заштитиме жените и девојчињата од насилство базирано врз полова основа и штетни практики како што се брак на деца и осакатување гениталии на жени.

Околу 232 милиони жени денес сакаат да ја спречат бременоста, но не користат модерна контрацепција. Секој ден, повеќе од 800 жени умираат од превентивни причини за време на бременоста и породувањето, а 33.000 девојчиња се принудени на брак. И секоја година, повеќе од четири милиони девојчиња се подложени на осакатување на гениталиите.

–Во 1994 година во ИЦПД, замислувавме свет кога еден ден нема жена да умре при породување, каде ниту една жена нема да биде изложена на ризик од несакана бременост и на ниту една девојка нема да и биде одземено правото да направи безбедна и здрава транзиција низ адолесценцијата и зрелоста, изјави специјалниот претставник на Данска во ИЦПД, Иб Петерсен.

–Светот што го замисливме сега е на дофат, но ние мора да ги здружиме силите за да го направиме тоа реалност еднаш засекогаш.

Постигнувањето на целите на ИЦПД е исто така клучно за постигнување на Целите за одржлив развој, кои зависат од јакнењето на улогата жените и родовата еднаквост.

Самитот обединува разновидна група на луѓе, вклучувајќи врвни владини функционери, технички експерти, верски водачи, активисти, млади луѓе, деловни лидери,   меѓународни финансиски институции, лица со посебни потреби, академици и многу други посветени на сексуално и репродуктивно здравје и права.

Самитот ќе се фокусира на пет главни теми: Сексуално и репродуктивно здравје како дел од универзална здравствена заштита, финансирање потребно за реализирање на сите цели на Акциската програма на ИЦПД,  демографска разновидност и нејзината моќ да го води економскиот раст и одржливиот развој, мерки за прекин на полово базирано насилство и штетни практики и право на сексуална и репродуктивна здравствена заштита, дури и во хуманитарни и кревки контексти.

Дискусиите на самитот исто така ќе ја потенцираат моќта на родовата еднаквост, младинско лидерство, политичко лидерство во заедницата, иновации и податоци и партнерства за забрзување на промените.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ