• Latest

Како еден „Шиптар“ го спаси името на Македонскиот народен театар?

November 27, 2019
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како еден „Шиптар“ го спаси името на Македонскиот народен театар?

Се разбира, оваа приказна ќе биде раскажана доволно дискретно за да не ги наруши правилата на комуницирање за вакви случки, а доволно јасно за да ја задоволи љубопитноста и најважното, да ги информира граѓаните за оние аспекти кои се важни за нивниот, јавниот интерес.

November 27, 2019 20:22
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Додека е актуелна дискусијата за националистичкиот пир на „Шверцерите“ во МНТ, би сакал да ви раскажам една сосем поинаква приказна, драги мои. Ако ве интересира, се разбира, останете со пишувачот на овие редови, за да дознаете како овој театар, благодарение на еден „шиптар“ и други „шарени предавници“,го задржа своето име и после Преспанскиот договор, ја задржа придавката „македонски“, и со тоа стана еден од неоспорливите докази за потврдувањето на македонскиот идентитет, етничка особеност и култура на Македонците во Преспанскиот договор.

Се разбира, оваа приказна ќе биде раскажана доволно дискретно за да не ги наруши правилата на комуницирање за вакви случки, а доволно јасно за да ја задоволи љубопитноста и најважното, да ги информира граѓаните за оние аспекти кои се важни за нивниот, јавниот интерес.

Се сеќавате добро, важен аспект на Преспанскиот договор беа промените во имињата институциите. Главна грижа на сите претставници на нашите институции во овој процес беше тој на никој начин да не го наруши идентитетот на македонскиот народ, а клучна цел, беше како граѓаните да дознаат дека македонскиот народ, јазик, идентитет да не бидат чепнати ниту пак на некој начин доведени под знак прашалник. Наспроти сотоиците секојдневни лажни вести, секој доказ во оваа насока беше од голема важност.

Вашиот омилен младич веќе оттука почна де ја комуницира идејата која го преокупираше подолго време, да се сочува името на Македонскиот народен театар. За тоа разговараше со колеги на различни нивоа во владата, образложувајќи ги силните аргументи кои стојат зад тоа.

Оваа идеја созреа и беше презентирана и на еден поширок состанок на владини комуникатори, на кој имаше министри, координатори, советници на премиерот и на министрите и други институции. Благодарение на голем дел од присутните и нивната поддршка, брзо потоа, со доразработени аргументи, аргументацијата за Театарот беше прифатена и од грчката страна.

МНТ остана – Македонски народен театар, што де факто претставува дополнителен аргумент дека Преспанскиот договор го признава македонскиот народ и неговиот етнички и културен идентитет.

Суштината на аргументацијата (да не ве оптоварувам со детали) беше дека МНТ е формиран според институционална традиција, карактеристична за народните театри (позоришта) и во останатите земји на поранешна Југославија. Театарот е најстара културна установа на македонскиот народ и неговото постоење е врзано пред сè со културниот идентитет на македонскиот народ, како примарна функција.
Додатен аргумент за оваа институционално-правна и културна традиција е и постоењето на Албанскиот и Турскиот театар, кои во поранешниот систем постоеја заедно во Театарот на народностите (наспроти МНТ, кој пред сè беше театар на македонскиот народ).

Ете така „ухлебените“ во Владата, заедно, Албанци и Македонци, се бореа за секое парче и камче македонски идентитет, и успеаја да придонесат, секој на свој начин, во неговото чување и потврдување во целиот свет. Како што се борат за културата на сите заедници во земјата, безрезервно и со срце.
За разлика од некои други, градителите на стиропор и стадионската култура, кои се тука да поттикнуваат меѓусебна омраза и да живеат од создавање и нерешавање на проблемите.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ