• Latest
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025 13:14
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повторно се појави на страниците на македонсите медиуми задолжени за ширење на руските пропагандни наративи  во македонскиот информативен простор.

Според третманот што го има и фреквенцијата на пренесување на изјавите на Песков во дел од македонските медиуми, се добива впечаток дека или портпаролот на Кремљ истовремено е и портпарол на владата на Северна Македонија, или Северна Македонија е полуавтономен регион во Руската Федерација.

Речиси секоја изјава на портпаролот на Кремљ, се пласира некритички на овие медиуми, без разлика каква имплементација ќе има врз проевропската ориентација на Северна Македонија, која за чудо, и покрај бројните (внатрешни и надворешни) препреки  со оваа влада, сѐ уште опстојува.

Имено, дел од македонските медиуми синхронизирано, со идентичен текст и наслов ја пренесоа изјавата на Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија, дадена во интервју за весникот Life, а пренесена, се разбира од руската државн режимска новинска агенција РИА Новости.

Беспредметно е да повторуваме дека РИА Новости е забранета за реемитување во Северна Македонија.

Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ), забележува  дека засилена фреквенција на руските пропагандни наративи во дел од македонските медиумите пред и за време на изборите, не ослабува ниту по нивното завршување. Особено се засилуваат по негативниот извештај на ЕК за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон ЕУ, но и во соседна Србија, што може да се констатира и од делот од текстот во кој се вели дека Москва ја дели оценката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, откако исто така го доби најнегативниот извештај од ЕК за Србија, почна да изјавува дека Европа јасно се подготвува за војна со Русија и се додава изјавата на Песков дека „визијата на Москва се совпаѓа со онаа на Белград и силните промилитаристички чувства навистина преовладуваат во Европа“.

Пренесувањето на изјавите на Песков не се само дел од руските пропагандни наративи, туку го отсликуваат и правецот кој овие медиуми, заедно со дел од политичките чинители во земјава го трасираат  кон „српско-рускиот“ свет.

Користејќи го моменталниот „вакуум“ создаден од застојот во преговорите за членство во ЕУ, оваа проруска медиумска групација, со постојаното, репетитивно пласирање на руските пропагандни наративи има за цел да внесе сомнеж и да ги одврати граѓаните од поддршката за НАТО и ЕУ, и да ги насочи кон наративите на одредени политички опции и нивните надворешни нарачатели, дека за иднината на Северна Македонија не е круцијално членството во евроатлантските сојузи, туку има и други, „подобри“ алтернативи, кои доаѓаат од истокот.

За потсетување, извештајот на ЕУ се нотира дека „Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително и напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик, кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание“, од каде недвосмислено произлегува оската Скопје-Белград-Будимпешта-Москва.

Впрочем, Тимот за мониторинг на хибридни закани на ЦИВИЛ, низ серијата извештаи за рано предупредување за хибридна војна на ЦИВИЛ, продуцирани во рамките на проектот „Демократски навигатор“, веќе предупреди на стратешката ранливост на Северна Македонија од  руските хибридни операции и даде препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност на ваквите закани.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

 

 

Tags: Руски пропагандни наративи во македонските медиуми за време на изборите
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ