• Latest

ЦИВИЛ го прошири мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ го прошири мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025 15:01
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ДИСКУРС, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објави експанзијата на својата клучна мониторинг-единица за дезинформации и пропаганда, со тоа што ја преименува во ТИМ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (на англиски: Civil Hybrid Threats Monitoring – CHTM). Одлуката ја одразува стратешката промена на организацијата кон поширок и поинтегриран пристап во справувањето со сложениот спектар на хибридни закани со кои се соочуваат Северна Македонија, Западен Балкан и Европа.

Првично насочен кон мониторинг на дезинформации и пропагандни кампањи, овој тим, сега преименуван на начин што ќе го отсликува проширениот мандат кој вклучува мониторинг, детекција, анализа и разобличување на дезинформации, странски операции на влијание, сајбер манипулации и напади, политичко мешање, говор на омраза и други компоненти на хибридното војување.

„Хибридните закани еволуираат, а тоа ја наметнува потребата и ние да ја следиме таа динамика,“ изјави Џабир Дерала, основач на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа на организацијата. „Овој тим повеќе не е само за следење на лаги во медиумите. Станува збор за одбрана на демократијата во нејзината суштина. Тоа значи директно соочување со софистицираните и често координирани напади врз вистината, мирот и стабилноста.“

Мултидимензионален одговор на растечката закана

Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани ќе работи преку различни платформи, јазици и региони за да идентификува и разобличи шеми на манипулација и операции на влијание. Организацијата потврдува дека обемот на тимот ќе опфаќа широк спектар на хибридни закани – од дезинформации и пропаганда до политичко мешање и говор на омраза, како и комплексни операции на хибридната воена закана. Воедно, ЦИВИЛ објави нема да открива детали за методологијата, ниту пак имињата на членовите на тимот, од очигледни безбедносни и оперативни причини.

„Ова е високо сензитивна работа која се насочува кон актери решени да ја поткопаат демократијата,“ изјави Дерала. „Нашата сила не е само во експертизата и посветеноста, туку и во нашата способност да го заштитиме интегритетот на нашите операции и безбедноста на нашите луѓе.“

ЦИВИЛ е на првите линии во мониторингот на социополитичките процеси и настани, човековите права, застапувањето за медиумската слобода и борбата против дезинформации и хибридни закани повеќе од две децении. Оваа трансформација ја потврдува решеноста на организацијата секогаш да биде чекор пред новите предизвици и да придонесе одлучно во глобалната борба за демократски вредности.

„Војната не секогаш пристигнува со тенкови и ракети,“ додаде Дерала. „Често доаѓа во облик на ботови и тролови, манипулирани наративи, агенти и оперативци кои спроведуваат дигитална пропаганда. Овој тим е тука да го разобличи сето тоа.“

Зајакнати капацитети и меѓународна соработка

Како дел од својата проширена мисија, тимот ќе ја продлабочи соработката со регионални и меѓународни партнери, вклучувајќи го учеството во Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата, Вестминстер Алијансата за Украина, и други иницијативи усогласени со ЕУ за спротивставување на авторитарното влијание.

Единицата, исто така, ќе вклучува алатки со вештачка интелигенција, техники за анализа на податоци и механизми за прекугранична размена на информации за подобро следење на хибридните операции и злонамерните актери.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ