• Latest

Самохран татко и неговите пет деца, премрзнати и гладни

December 8, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Самохран татко и неговите пет деца, премрзнати и гладни

На прашањето што најмногу сакаат, Алмир, Љубица, Јасмина, Леонора и Анџело како од пушка одговорија „ни фали мама“. Малата Леонора погледна кон небото и рече: „Мама е таму горе, секој ден ѝ мавтаме“.

December 8, 2019 18:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Измрзнати и гладни, во недоизградена куќичка, без елементарни услови за живот, без бања, во импровизирани соби, меѓу ѕидови од голи цигли полни со дупки од каде што постојано дува, без можност за лична хигиена, со расипан шпорет и без греење… Вака преживуваат 39-годишниот Ајнур Симоновски и неговите пет малолетни деца, Алмир, Љубица, Јасмина, Леонора и најмалиот Анџело, кои се без мајка. Мајка им починала минатата година во септември, кусо по породувањето со најмалиот Анџело. „Никогаш нема да ја запознае мајка си“ – вели таткото Ајнур.

Анџело го добил името по желба на покојната мајка. Ајнур раскажува дека неговата сопруга, како што му кажале лекарите, починала од компликации со срцето. Вели дека претходно немала здравствени проблеми, освен што била боледувала од астма. Пет дена по породувањето, во јули 2018 година, состојбата ѝ се искомплицирала, ѝ станало многу лошо и му се пожалила на сопругот дека има големи болки и не може да дише. Лекарите успеале за момент да ја реанимираат, но набргу потоа паднала во кома и починала. Тукушто родениот Анџело, до навршување на возраст од десет месеци, живеел во згрижувачко семејство во Шуто Оризари, но сега си е дома со татко му, братот и сестричките.

„Да, згрижено беше детето. Десет месеци беше згрижено и јас имав контакт со луѓето кои го згрижија. Тие беа навистина луѓе на место и многу добро го чуваа Анџело. Згрижувачкото семејство беше од Шутка“, вели таткото Ајнур Симоновски.

И покрај бедата во која едвај преживуваат, Ајнур вели дека најтешко од сè му паѓа што дечињата навечер заспиваат гладни, а наутро не можат да се разбудат од студот.

„Тешко се снаоѓаме во животот. Со пет дечиња сум. Сам, жена ми почина, има веќе една и пол година. Голема сиромаштија е, во тешка беда живееме, никави услови немаме. Како прво, немаме греење. Зимно доба, треба нели да се стоплиш. Три дечиња ми одат во школо, ама од студот не можат да станат, да се облечат и да одат… Лепче… Со лепче ги хранам, нормално, кога има, кога нема, некогаш и гладни ќе си легнат“, вели Ајнур.

Од пред околу една година, Ајнур е примател на социјална помош од 7.600 денари, но вели дека не стигнуваат ни за храна, а камо ли за нешто повеќе. Бања нема. На местото на кое планирал да ја направи, стои само едно скршено лавабо и зјаат скршени ѕигли. Имаат мал полски клозет во дворот, но кога доаѓа време за капење, се плаши да не се разболат децата, бидејќи нема како да се исушат. Ги капе едно по едно, во лимено корито внатре во куќичката, во која нема ни греење, дува од сите страни, а веќе е зима.

„Да, имаме полско ве-це. Моментално ги капам во корито. И тоа кога е потопло. Кога е ладно, не можеш да ги избањаш. Зошто ако ги избањаш одма ќе се разболат… До сите хумани луѓе кои сакаат да донираат, ние ќе бидеме стварно благодарни. Прво ни треба греење. Дечињата да станат во топол дом. Да имаме да си зготвиме, да си јадат децата. Фали сè. Шпорет, немаме како прво печка за дрва. Машина за перење алишта немаме. Иако има слаба вода, нели, треба некогаш и да се испереш. Треба сè. Во празна куќа, фали сè“, вели Ајнур.

Дечињата се на возраст од 1 до 11 години мирни, воспитани, весели и најумни. Разиграни и скромни, иако животот нималку не ги поштедил. Екипата на ФРОНТЛАЈН.MK ја пречекаа насмеани и со широко отворени раце, подготвени за прегратки. Татко им ги пофали дека се многу послушни и дека му помагаат со најмалиот Анџело.

Петте дечиња немаат никакви посебни барања и желби. Како и сите други дечиња, сакаат топол дом, нова облека, по некоја играчка, ранче и прибор за во училиште. Најчесто одат во стара облека а во дворот играа во искинати и несоодветни обувки.

На прашањето што најмногу сакаат, Алмир, Љубица, Јасмина, Леонора и Анџело како од пушка одговорија „ни фали мама“. Малата Леонора погледна кон небото и рече: „Мама е таму горе, секој ден ѝ мавтаме“.

Таа не бара многу, само сака да се чувствува како другите деца, нормално. Малку поголемата Љубица посака барем наутро да биде топло, да може да се подготви за во училиште.  Јасмина засрамено рече дека само сака нова играчка за помалите братче и сестричка, Анџело и Леонора…

„Мене најмногу ми фали мама. За во училиште ми треба нов ранец, моливи, боички и тетратки, а дома ми фали да е топло секое утро“, вели 10-годишната Љубица.

„Немаме никакво греење. Немаме шпорет, немаме дрва. Како сите деца, сакаме да имаме греење и кога ќе станеме насабајле, да се облечеме во топлина“, ни рече Алмир.

Најчесто јадат само леб, некогаш кога има, пијат и млеко, но тоа сè почесто е луксуз. Татко им се труди да им приготви и домашна храна, но и тоа е многу ретко.

Многу често заспиваат гладни, а од студот, често не можат да станат наутро и да одат на училиште. Спијат на стари и искинати душеци, покриени со повеќе ќебиња, но велат дека заспиваат тресејќи се.

Сопствена струја немаат веќе седум години, па добрите соседи се согласиле да ги приклучат, за да можат барем некогаш дечињата да погледаат цртани филмови и Ајнур да зготви нешто, но сега и шпоретот е расипан. Ајнур рече дека би работел било што, иако во моменов тоа е навистина тешко, бидејќи петте деца се малолетни, Анџело е бебе и нема кој да се грижи за нив доколку е отсутен подолго време во текот на денот.

„Да, да од комшиите земам струја. Тие ми даваат. Инаку јас сум без струја седум години. Должен сум, признавам. Јас имам за плаќање и тоа е така, јас не бегам никаде. Имавме и проблеми со извршители, јас  им реков – слободно дојдете. Што можам јас? Тоа е тоа. Ќе ги видат моите услови“, вели Ајнур.

Анџело, Јасмина, Љубица, Алмир, Леонора и Ајнур нè испратија со погледи полни со надеж.

Самохраниот татко кој едвај постигнува да ги задоволи барем најосновните потреби на петте малолетни дечиња, упати апел до сите добри луѓе, компании, институции, доколку се во можност да им помогнат, за да можат и неговите дечиња да почувствуваат што е вистински дом.

Ивана Т. Зафировска/Фронтлајн.мк 


Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумното) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. Овие правила важат за сите, без оглед на тоа од каде е преземена содржината што оригинално е објавена на медиумкста платформа на ЦИВИЛ.
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ