• Latest

Поради штрајк 200 вработени во Поштата на Србија добија суспензија

December 12, 2019

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поради штрајк 200 вработени во Поштата на Србија добија суспензија

December 12, 2019 09:50
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот синдикат на поштенските работници на Србија соопшти дека денес над 200 вработени од Сомбор, Зрењанин и Нови Сад добиле суспензии, како и дека ниту најголемите репресии не ги поколебале вработените да се откажат од штрајкот. Во Поштата во Нови Сад, досега се суспендирани 122 вработени, што е околу 10 проценти од вкупниот број на вработени. Суспендирани се воглавно жени кои работат на шалтерите, а бидејќи утринава поштарите ги одбиле работните задачи се очекува утре сите да добијат решение за суспензија.

-Тоа е само почеток, а крајната бројка според некои шпекулации е дека се работи за повеќе илјади вработени. Ниту една закана и суспензија не смеат да нè поколебаат во нашата борба да го заработиме достоиснственото пристојно преживување, нагласија од синдикатот.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението се наведува и дека утрово Марко Божиќ, вработен во Поштата во Краљево, ги исекол вените во знак на протест поради теророт кој се спроведува врз вработените за време на штрајкот.

Во тој синдикат велат дека се подготвени што е можно поскоро, со други организации на вработените да преземат мерки за „отпор на насилство“, кое, се спроведува во оваа компанија од страна на раководството предводена од Мира Петровиќ.

На социјалните медиуми денес се објавени снимки и фотографии на кои поштарите ја пеат песната на Бранко Кокица „Во светот постои едно царство“ или држат фотографии со ликовите на пеачот Жељко Самарџиќ . Тие на тој начин реагираа на наводите изнесени изминативе денови на социјалните мрежи, за јавни личности што се фиктивно вработени во ЈП Пошта на Србија.

Меѓу јавните личности споменати во списокот на фиктивно вработените, покрај актерот Бранко Миличевиќ Коцкица се и музичарот Жељко Самарџиќ, Тијана Ајфон и пејачката Јами.

Штрајкот на вработените во Поштата на Србија започна на 2 декември. Тие ја отфрлија понудата на раководството за зголемување на платите за 10 проценти од следната година, барајќи притоа најголем пораст на платите да им се даде на вработените со најниски плати, и заработувачката да им се изедначи со државниот просек.

Со подршка на штрајкот на вработените денес се огласија повеќе опозициони партии, меѓу кои и Нова Странка (НС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Сојуз за Србија (СзС), кој ја повика Владата, премиерката Ана Брнабиќ и министерот на полицијата Небојша Стефановиќ, веднаш да престанат со „репресијата, заканите и застрашувањето“ врз вработените во Пошта кои се во штрајк и со заканите дека до крајот на денот сите ќе добијат отказ доколку веднаш не почнат со работа“.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ