• Latest

Џафери – Вархеји: Заедничките напори ќе резултираат со одлука за почеток на преговорите во март или мај оваа година

January 16, 2020

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери – Вархеји: Заедничките напори ќе резултираат со одлука за почеток на преговорите во март или мај оваа година

January 16, 2020 08:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничките напори ќе резултираат со одлука за почеток на преговорите во март или мај оваа година, беше истакнато на денешната средба во Скопје меѓу претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.

Спикерот Џафери посетата на Вархеји, кој е дводневна работна посета на нашата земја, ја смета за поддршка на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат и покрај застојот со кој се соочува.

Тој, како што соопштуваат од собраниската прес-служба, истакнал дека и покрај големото разочарување од недонесувањето на одлука за старт на пристапниот процес по октомврискиот состанок на Европскиот совет, политичките чинители во земјата смогнаа сили и успеаја да останат фокусирани на стратешката цел на државата за полноправно членство во Европската Унија.

Џафери истакнал дека иако причината за недобивањето на датум лежи во нерешените внатрешни прашања на самата Унија, политичките лидери на Република Северна Македонија решија да го вратат мандатот кај граѓаните и да ги повикаат да се изјаснат на предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година за понатамошниот пат на државата. Во периодот што следи, нагласил претседателот Џафери, напорите ќе бидат насочени кон одржување на транспарентни, фер и демократски избори.

 

Комесарот Вархеји посочил дека неговата прва посета надвор од Европската Унија е токму на Република Северна Македонија поради тоа што државата направи најмногу за да ги оствари своите аспирации за европска интеграција и дека на овој начин тој оддава признание на тие напори. Тој информираше дека неговиот план е до март да се создадат можности за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија и Република Албанија и за таа цел новата методологија за процесот би била претставена до крај на јануари.

– Пакетот би содржел три столба и тоа методологија за целиот процес, отворање на пристапните преговори со двете држави и нов економски план за целиот регион. Комесарот за проширување Вархеjи нагласи дека на октомврискиот самит беше направена грешка и дека новата методологија е начин таа грешка да биде исправена, се ваведува во соопштението.

Претседателот Џафери му се заблагодарил на комесарот за сите негови напори за брзо усвојување на новата методологија и донесување заслужена одлука за почеток на пристапните преговори за Република Северна Македонија што е можно поскоро и истовремено ги поздравил и напорите на Хрватска која како еден од приоритетите на своето претседавање со Европската Унија го поставува обезбедувањето на поддршка од земјите членки за доделување на датум за нашата држава.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ