• Latest

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

На Денот на независноста на Република Северна Македонија, вчера( 8 септември), министерката за труд и социјални прашања на Србија придружена со делегација и во присуство на вицепремиерот Иван Стоилковиќ, ја одбележа годишнината од битката на Кајмакчалан, со српско, црногорско и грчко знаме. Настанот беше одбележан со исклучително провокативен говор во кој меѓу другото, ги прогласи Битола и Охрид за српски градови.

Реакција пристигна од Алијансата за Албанците, во која се вели претставува официјално одобрение од Владата на Северна Македонија за сè што се случи и што го кажа српскиот министер. Целата церемонија беше проследена со српска полиција и војници, што симболизира окупација на земјата и го крши Уставот и суверенитетот.

Од АА сметаат дека овој чин ги потврдува сите нивни предупредувања дека Владата на ВМРО-ЗНАМ ја прави Северна Македонија дел од српскиот свет, додека албанските партии од ВЛЕН сега го легитимираат и го оправдуваат тоа со конкретни акции.

Овие акции целосно ја менуваат ориентацијата на земјата, од независна држава на сите граѓани, во српска покраина, од европска земја и членка на НАТО, во полигон на Србија и Русија, алармираат од АА.

Српскиот министер за одбрана, Братислав Бата Гашиќ, поранешен директор на БИА (српската УДБА), во  видео тврди дека Кајмакчалан е српска земја. Ова тој го изјави во присуство на Иван Стоиљковиќ, вицепремиер во владата на Мицкоски.

За жал, Република Северна Македонија, откако сама го блокираше својот пат кон ЕУ, влезе во наративот на “српскиот свет”, изјави за ЦивилМедиа, Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија.

Наративот на “српскиот свет” е составен во голема мерка од пропагандата на големосрпската политика, која уште има за цел промени на границите на државите од Западен Балкан. И Северна Македонија тука не е исклучок, смета Хоџиќ.

Според него, пропагандата на големосрпската политика прави проблеми и во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, па и во Северна Македонија.

Она што нас треба сериозно да нѐ загрижува е дека во БиХ, Црна Гора и Косово можете да видите организирано спротивставување од политичките претставници на Бошњаците, Црногорците, Албанците… како и од етничките Срби кои државите во кои живеат ги гледаат како членки на НАТО и ЕУ, вели претседателот на СДА Македонија.

Тоа што е специфично за Северна Македонија е дека политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда во нашата држава, додава Хоџиќ.

РЕГИОН

Лидерите на Европската зелена партија бараат од тројцата лидери на ЕУ јавно да го осудат Вучиќ по неговите навреди

Петте највисоки членови на Европската зелена партија денес побараа од лидерите на Европската унија „јавно да ги осудат личните навреди, заканите за кривично гонење, заплашувањето и кампањата за дезинформации“ од страна на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на сметка на европските политички претставници и демократските актери, но и да „ги бранат европските вредности и да покажат поддршка за граѓаните на Србија“

СВЕТ

Падна француската влада откако пратениците гласаа за разрешување на премиерот Бајру

Франција е втурната во нова политичка криза откако пратениците гласаа за разрешување на премиерот Бајру.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер „за неколку дена“, вели неговиот кабинет – кој е во трката?

Премиерот Франсоа Бајру го нарече изненадувачкото гласање за доверба по огромното противење на неговите буџетски планови

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

Протестите на жителите на Аеродром и активистите повторно го актуелизираа прашањето: ќе остане ли „Вардариште“ уште едно политичко ветување без реализација, или конечно ќе започне процес на трајна санација и пренамена во корист на граѓаните?

ИЗБОРИ

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот.

Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. На обуките ќе бидат потпишан договор за ангажман со коj набљудувачите се обврзуваат да бидат непристрасни и објективни.

Долгорочните изборни набљудувачи на ЦИВИЛ се ангажираат во период од шест недели и имаат работни задачи што се однесуваат на целата изборна единица што им е доделена. На денот на гласање тие ги координираат активностите и на краткорочните набљудувачи во нивната изборна единица.

Краткорочните набљудувачи се ангажираат на денот на гласањето во првиот круг и – таму каде што е потребно – во вториот круг на локалните избори.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Војната на Русија не завршува на границите на Украина. Хибридната војна – комбинација на конвенционална сила и прикриени, неконвенционални тактики – стана трајна карактеристика на стратегијата на Кремљ за слабеење на европската кохезија, нарушување на критичната инфраструктура, разнишување на довербата во демократските институции и влијание врз политичките процеси, а сето тоа без да ја премине линијата на отворена војна.“, пишува Џабир Дерала во првиот дел од анализата „Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната“.

„Токму овој недостаток од демократија, одговорност и совесност нѐ прави да не сме независна држава. Таа демократија започнува во партиските структури. Всушност, по дефиниција, напоменувам, по дефиниција, партиите се креатори и најзадолжени за создавање на демократски амбиент за функционирање на државата и заштита на нејзините граѓани. На сите граѓани, не на поединци кои се на чело на политичките партии.“, пишува Оливер Андонов во колумната „Зависна независност“.

„Ако има тема која се рециклира со секоја промена на власта, кога тоа и ѐ потребно на гарнитурата на власт или кога опозицијата е моќна да ги користи службите , тоа е употребата на безбедносните служби. Тие не треба да се употребуваат туку да ја вршат својата со закон определена  надлежност. Со подзаконски акти е пропишана и процедурата на нејзината внатрешна активност.“, пишува Војо Маневски во колумната „Зошто се злоупотребуваат тајните служби?“.

„Српскиот свет“ не е културна игра или верски проект. Тоа е стратешка операција. Денес преку паради, церемонии и симболика, утре преку институции и политички структури ( не сум сигурна за утре, повеќе е сега). И секој што молчи пред оваа провокација станува дел од бришењето на македонскиот идентитет, кој се брани со мечеви и копја од Бугарите и сите други, освен од браќата Срби!, пишува Дијана Тахири, во колумната „Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт“.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ