• Latest
Фото архива на ЦИВИЛ: Германскиот амбасадор, еден од говорниците на Конферeнцијата „Перспективите на македонските избори“, 25 септември 2019 / фото: Б. Јордановска

„Европа е наш дом“ е сеопфатен проект на ЦИВИЛ за поддршка на интеграциите и промоција на европските вредности

February 1, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

„Европа е наш дом“ е сеопфатен проект на ЦИВИЛ за поддршка на интеграциите и промоција на европските вредности

Статистичките податоци за проектот „Европа е наш дом“ се вртоглави. Низ четири комплексни компоненти (проектни линии), ќе се спроведат 19 различни проектни сегменти, со 10 различни категории на проектни резултати.

February 1, 2020 14:07
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Фото архива на ЦИВИЛ: Германскиот амбасадор, еден од говорниците на Конферeнцијата „Перспективите на македонските избори“, 25 септември 2019 / фото: Б. Јордановска

Фото архива на ЦИВИЛ: Германскиот амбасадор, еден од говорниците на Конферeнцијата „Перспективите на македонските избори“, 25 септември 2019 / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

„Европа е наш дом“ е проект на ЦИВИЛ што започнува денеска и ќе трае 12 месеци, до 31 јануари 2021 година. Во овој проект, составен од низа комплементарни компоненти, ЦИВИЛ ќе спроведува мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области.

Проектот ќе опфати изборен мониторинг и учество во изборните реформи, како и мониторинг на најважните настани и процеси во земјата. Како што се вели и во самиот назив на проектот, една од главните определби на проектот е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија. Понатаму, ЦИВИЛ ќе даде свој придонес и кон политичкиот дијалог, ќе покрене или ќе поддржи легислативни и граѓански иницијативи. Со овој проект се промовираат европските вредности, човековите права и слободи.

На различни начини, предвидени со проектната методологија, ЦИВИЛ ќе даде силен и видлив придонес и кон борбата против корупцијата, преку јакнење на јавната свест и соработката со релевантните институции во земјата.

Важна компонента на овој проект е и борбата против хибридните напади врз демократијата. ЦИВИЛ со години е една од водечките организации кои даваат свој придонес кон борбата против лажните вести, дезинформациите, говорот на омразата и другите облици на хибридни напади врз демократијата. Со овој проект, таа борба значително ќе се засили.

Оваа е комплексен и сеопфатен проект што ќе даде конкретен и видлив придонес кон напорите за одржливи реформи и општествена трансформација. Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се главните определби на организацијата, а овој проект е од стратешко значење тие определби и да се преточат во конкретни резултати.

Фото архива на ЦИВИЛ: Средба со граѓан(к)ите во проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ 18 мај 2018 година / фото: Е. Климента

Статистичките податоци за проектот „Европа е наш дом“ се вртоглави. Низ четири комплексни компоненти (проектни линии), ќе се спроведат 19 различни проектни сегменти, со 10 различни категории на проектни резултати. Во нив спаѓаат различни видови на директна комуникација со граѓанките и граѓаните, вклучувајќи и одржување на 140 средби со граѓанките и граѓаните низ целата земја, 3 големи национални конференции и 6 панел дискусии на најважните теми во земјата, 29 прес конференции, 40 брифинзи, 18 средби со претставници на владата, политичките партии и невладините организации и 15 средби со луѓето кои учествуваат во креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво.

И тоа не е сѐ. Проектот „Европа е наш дом“ предвидува динамична и извонредно видлива и влијателна медиумска продукција на информации, анализи, колумни, извештаи, интервјуа и анкети на македонски, албански и англиски јазик на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Проектот го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Договорот за поддршка, минатата недела го потпишаа Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Томас Герберих, и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ