• Latest
Добро утро со Орданоски

Поздрав од Санта Моника, Калифорнија

February 7, 2020

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Поздрав од Санта Моника, Калифорнија

Таман мислиш си го преживеал претходниот ден без да збудалиш, а утредента констатираш дека одамна мора да си побудалел штом прифаќаш нормално да живееш со сите будалаштини околу тебе.

February 7, 2020 07:16
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Секој ден во Македонија е како да си качен на општествено-политички ролокостер, од оние најголемите, на кои брзината, свиоците, удолнините и угорнините се со таков интензитет за цревата да ти се превртат по неколку пати од изгрејсонце до длабоко во ноќта. Таман мислиш си го преживеал претходниот ден без да збудалиш, а утредента констатираш дека одамна мора да си побудалел штом прифаќаш нормално да живееш со сите будалаштини околу тебе.

А, потоа, ми светнува инбоксот на мобилниот, како мала утеха дека не сме саде ние и не сме саде овде будали, колку да заборавиш на сопствените тегоби…

Елем, ми пишува некни еден стар пријател, Британец, кој на време извади и ирски пасош, а пред година дена од Островот, со сопругата, се отселија во Санта Моника, Калифорнија…

Драг Сашо, не можам да ти раскажам колку ни олесна што од хистеријата на Брегзит, се преселивме во Америка! Не знам дали се сеќаваш, но неодамна прелистував некои белешки во подготовката за новата книга што ја пишувам, па се присетив дека пред триесетина години во Скопје својот говор на една конференција го започнав со приказната за прекрасната земја којашто се распаѓаше на многу помали нации кои мислеа дека среќата е во тоа секој посебно да си го бара патот во иднината… Потрошив на такви текстови многу години, а сега сфаќам дека, потсвесно, не сум зборувал за вашата Југолавија, туку за мојата Велика Британија, која денеска е грабната од моќна група десничарски националистички демагози кои ќе ја распаднат мојата земја на ист начин како што тоа своевремено Слобо и другите како него го направија со вашата… Северна Ирска, практично, веќе е замината, а допрва ќе треба да поминуваме низ траумите на отцепувањето на Шкотска…

Можеби и заради моите ‘југословенски’ искуства, решивме да си заминеме од таму и, морам да ти кажам дека, откако сме пристигнати во Лос Анѓелес, стресовите драматично ни се намалија! Додуша, тука е Трамп, за да нè потсетува дека светот е „помрачен“ насекаде, ама друг овде нека му го бере неговото гајле, јас дигнав раце од борба со будалите…

Јави кога можете да дојдете овде, бидејќи погледот на Океанот е бесконечен и понекогаш си мислам дека тоа е единственото место за во него да се удави бескрајната човечка глупост!

Поздрав… Итн.

Има такви некои луѓе кои ви остануваат пријатели за цел живот, без разлика колку често се гледате и колку илјадници километри ве делат! Во меѓувреме, и тој и јас поминавме низ десетици животни и семејни компликации и едвам чекавме да се видиме за да си ги раскажеме и маките и радостите, некогаш овде со ќебапи (прашува: „Дали Де-Ха-Ел би прифатил пратка од десетка со кромид?“), некогаш таму со флаша-две „Бушмил“ (сега и по третата чаша сентиментално би се расплакале!), но секогаш со многу смеење и со искрен, детален обостран интерес за тоа што ни се случува во животите.

Мојот пријател направи врвна глобална кариера – да, во Санта Моника погледот на Океанот не е евтина работа. Јас уште овде се расправам со по некоја локална будала… Ама, кога и да се видиме или да се чуеме, сфаќаме дека светот е мал, качен на истиот голем ролокостер, на кој свиоците се остри, а удолнините стрмни, што цревата ти се превртуваат по неколку пати дневно. А и Вардар, овде, е доволно матен за да удавиш во него по некоја од секојдневните и бескрајни човечки глупости.

Иако, до изборите, галиба само океан за давење ни е спасот…

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ