• Latest

За неправдите на Сваровски судството – граѓаните патат и државата плаќа

February 8, 2020
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

За неправдите на Сваровски судството – граѓаните патат и државата плаќа

„Во 2016 година Судот за Човекови права донел пресуди за 12 случаи поднесени против Северна Македонија, од физички лица, со што во 8 пресуди е констатирано некој од членовите на Конвенцијата за човекови права. Во 2017 година судот донел пресуди за 5 случаи против државата од физички лица и сите се поврзуваат со кршење на некој од членовите на Конвенцијата, додека во 2018 година осудил 7 случаи кои исто така, сите се за кршење на некој од членовите на конвенцијата”, се вели во анализата. 

February 8, 2020 16:00
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуките на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур се најголем доказ дека судството во нашата земја има потреба за итна и квалитетна реформа. Поради неправедните одлуки на различните судови од трите нивоа, донесени години на назад, многу граѓани трпат неправди, а за надоместок на овие неправди, државата платила до 150 илјади евра само за последните три години.

„За 8 судски пресуди донесени во 2016 година државата била принудена да плати вкупно 55.780 евра на лицата кои поднеле тужби. За 4 пресуди донесени во 2017 од Стразбур, државата платила вкупно 49.960 евра за подносителите на тужбите и во 2018 година, за 5 донесени пресуди од државниот буџет биле исплатени вкупно 40.580 за обештетување на граѓаните”, се вели во анализата подготвена од Парламентарниот Институт.

Најголемото прекршување на членовите од Конвенцијата за човекови права во Северна Македонија е евидентирано кршење на членот 6, Правото за праведно судење, оставајќи ги назад членовите за правото за слобода и безбедност, правото за почитување на приватниот и семејниот живот, слободата на изразување, заштита на имот и други права загарантирани со Конвенцијата.

„Во 2016 година Судот за Човекови права донел пресуди за 12 случаи поднесени против Северна Македонија, од физички лица, со што во 8 пресуди е констатирано некој од членовите на Конвенцијата за човекови права. Во 2017 година судот донел пресуди за 5 случаи против државата од физички лица и сите се поврзуваат со кршење на некој од членовите на Конвенцијата, додека во 2018 година осудил 7 случаи кои исто така, сите се за кршење на некој од членовите на конвенцијата”, се вели во анализата.

Судот за човекови права во Стразбур е меѓународен суд кој се собира и донесува одлуки по поднесени апликации од физички лица или држави, кои се поврзуваат со кршење на граѓанските и политичките права дефинирани со Европската Конвенција за човекови права. Судот го следи почитувањето на правата на над 800 милиони европски граѓани во 47 држави, членки на Советот на Европа, кои ја ратификувале конвенцијата.

Според судските и правните процедури, донесените одлуки за обештетување на граѓаните на нашата земја во последните три години, се за неправедно донесени одлуки од нашите судови во години наназад. Судот разгледува жалби откако еден случај ќе ги надмине сите судски инстанции во земјава кои некогаш знаат да траат и по неколку години.

За време на објавување на нелегално прислушуваните разговори, на некои од нив се слушаше како минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, именуваше судии и обвинители по партиски пазарења меѓу владините коалициски партнери, некои од нив биле евидентирани во тефтери на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, а некои судијки добиле и Сваровски подароци од тогашните високи владини функционери. За тој период земјава доби критики од Европската Комисија и други релевантни меѓународни организации за партизирано судство и обвинителство.

Арбен Зеќири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ