• Latest

Локалното население од грчките острови со блокади ќе ја спречува изградбата на затворените центри

February 24, 2020

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Локалното население од грчките острови со блокади ќе ја спречува изградбата на затворените центри

February 24, 2020 10:30
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

 Локалното население на Самос, Лезбос и Хиос, со поддршка од локалните власти се мобилизира и најавува блокади за да не започне изградбата на затворените центри за бегалци и мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на викендот започнаа активностите,а целта е да не им дозволат на булдожерите и камионите да започнат со работа. На Лезбос и Хиос, локалното население синоќа одржа мирни протести.

Две општини од островот Самос, преку соопштение го изразуваат нивното несогласување за изградбата на центрите, а на вонредните општински совети закажани за среда, ќе предложат блокада на изградбата.

На островот Хиос вчера се одржа мирен протест, а според локалните медиуми, од саботата веќе се формирани т.н. дефанзивни групи кои ќе имаат задача 24 часа да ја следат ситуацијата и доколку забележат булдожери или камиони да ги известат граѓаните за да се направи блокада.

И на Лезбос вчера жителите мирно протестираа, а Федерацијата на земјоделски здруженија од островот, ги повикува земјоделците „да бидат подготвени на секаков начин да спречат“ почеток на изградбата.

Префектот на северниот дел од Егејското море, Костас Муѕурис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ ја обвини владата дека „врши булинг врз 200 000 жители од островите“.

Владата пак, е решена да продолжи со активностите и да започне изградбата на новите затворени центри. Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас, вчера, говорејќи за телевизијата „Скај“, го повика локалното население да не ја спречи изградбата.

-Во интерес на луѓето од островите и за целата земја е да се изградат затворените центри. Ова е јасно. Ако не се направат затворените центри, како што бараат луѓето, ќе останат отворените центри. Тие велат „затворете ги отворените“. Да претпоставиме дека ќе се затвораат отворените и нема да се изградат затворените. Каде ќе одат (бегалците и мигрантите)? Дома кај господинот Муѕурис? Не е толку едноставно. Се чини дека луѓето не веруваат дека ќе ги изградиме затворените и ќе ги затвориме отворените центри, рече Пецас.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ