• Latest

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025 12:08
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката во заминување на Град Скопје, Данела Арсовска, повторно се обиде да се врати во фокусот – овојпат со целосна дезинформација.

Во Фејсбук статус објавен пред 17 часа, таа напиша дека директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахудин Рустеми, по само неколку часа во притвор, бил ослободен, дека „не е виновен за ништо“ и дека „работата ја вршел чесно и совесно“.

Меѓутоа, МВР поврди за ЦИВИЛ дека лиицата што беа приведени во рамки на истрагата и понатаму се во притвор.

„Никој не е ослободен, а тврдењето на Арсовска е невистинито и манипулативно“, вели за ЦИВИЛ, порпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Со тоа, градоначалничката не само што шири лажни вести, туку и директно ја поткопува довербата во институциите – токму во момент кога јавноста бара одговорност за хаосот со ѓубрето и нефункционалноста на претпријатието.

Во својот статус, Арсовска дури саркастично тврди дека директорот бил пуштен бидејќи „во срце и душа бил ВЛЕН“, а во станица потпишал изјава за членство во коалицијата што е дел од владата.

„НАЈНОВА ВЕСТ: Директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен, не е виновен за ништо, работата ја вршел чесно и совесно.

Оваа информација пристигна откако по неколку часа убедување во полициска станица, директорот на Комунална хигиена им кажал дека во срцето и душата е ВЛЕН, уште додека бил во станица му донеле да потпише изјава за членство по што е пуштен да си продолжи со успешната работа во претпријатието.

Во меѓувреме Мицковски и МВРО упорно бараат некој од ДУИ да го апсат како што ветија, тргнаа по Изет Меџити од ДУИ, па откако стана ВЛЕН си го земаа во коалиција“, објави Арсовска.

Таквиот тон, кој очигледно сака да го прикаже апсењето како партиска фарса, сега се претвора во свесно ширење невистини со политичка цел.

По вакви примери, станува јасно дека „комуналната хигиена“ во Скопје не треба само за улиците – туку и за политичкиот простор, кој очигледно е преполн со ѓубре од лаги и дезинформации.

Полицијата вчера ги приведе директорот Сабахудин Рустеми и Аки Саити од Сарај, раководител во Комунална хигиена, откако минатата недела Основното јавно обвинителство започна истрага поврзана со неработењето на јавното претпријатие што резултираше со натрупување на огромни количини ѓубре во главниот град.

Тие се товарат за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, кој ги санкционира делата поврзани со постапување со отпад со кои се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните или растенијата и да го загрози нивниот опстанок.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ