Министерството за образование и наука на Хрватска издаде препорака до сите училишта, поради коронавирусот да ги откажат патувањата во Италија, јави дописникот на МИА.
Оваа препорака е во склад со таа на Министерството за здравство и се издава поради безбедност на учениците и наставниците.
– Ве советуваме во наредните неколку месеци да ги откажете организирани патувања во Италија – се наведува во соопштението од ресорното министерство.
Според властите во Загреб, се уште не е забележан ниту еден потврден случај во Хрватска на лице заразено со Ковид-19.
Гимназијалци од Пула кои во саботата биле на екскурзија во Италија, по враќањето во Хрватска, а по препорака на на Заводот за јавно здравје се ставени во куќен карантин, јави дописникот на МИА.
Директорот на гимназијата Филип Зорќиќ, потврди дека се работи за вкупно 49 ученици кои организирано биле да го проследат карневалот во Венеција.
Во текот на минатата ноќ во Хрватска од Италија се вратија и средношколци од Сплит и Омишаљ. Сите биле задржани на граничните премини, а во Хрватска биле пуштени откако медицинските екипи утврдиле дека меѓу нив нема заразени со Ковид-19 или коронавирусот.












