• Latest

Манчевски: Оптимист сум дека ќе најдеме решение за заштита на авторските права

February 27, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Оптимист сум дека ќе најдеме решение за заштита на авторските права

February 27, 2020 14:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заради фактот што, како што вели, во атмосфера на прилично голема недоверба меѓу операторите и радиодифузерите сите сме приморани да седнеме на маса и да најдеме брзо ама реално решение за проблемот.

-Овој закон беше донесен во една многу долга, инклузивна и јавна процедура со добиена поддршка од Европската комисија и високиот претставник за медиуми на ОБСЕ Арлем Дезир. Се јави проблем во делот на имплементацијата на дел од законот во делот на почитување на авторсктие права. Мора да си признаеме дека сме еддна од последните земји во Европа, ако не и последната што имаме проблем со авторските права. Мораше нешто да се направи за да се смени состојбата со флагрантното кршење на авторските права кај нас и затоа пред распуштање на Собранието само го ставивме во сила Законот кој е донесен во декември 2018 година во максимално инклузивен и транспарентен процес со многу јавни дебати на кои беа консултирани сите заинтересирани страни, рече Манчевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во МИОА.

Сè уште сум, нагласи, оптимист дека ќе најдеме решение.

-Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме, рече Манчевски.

Доколку сите ги почитуваат законите, посочи, нема да има проблем, а тоа што не се почитуваат законите и Владата и државата ги наведуваат кон решенија во кои мора дополнително да се регулира нешто што е јасно – не треба да се емитува или реемитува нешто за што нема авторски права.

-Тоа различни страни различно го интерпретираат и сме дошле до проблемот кој е стар 20 години. Можеби изгледа тензична ситуацијата во моментов помеѓу едната и другата страна, а ние сме некако во среднина, но конечно сфаќаме дека што и да се случува кој и да преземе какви било чекори на крај мора да се седне на заедничка маса за да се најде решение. Прашање е дали тоа ќе биде после одредена штета за сите или ќе сфатиме дека нема потреба никој да трпи штета, туку да најдеме решение, потенцира Манчевски.

Кога се донесе законот, додаде, заеднички се договоривме со радиодифузерите и операторите дека ќе се почека со изборот на новиот Совет на АВМУ кој треба преку правилници да ја дефинираат примената на законот.

-Со оглед што постоеше и се  уште постои политичка блокада од страна на опозицијата за да не дојде до избор на Совет на АВМУ со што се прекршија роковите и апсолутно се прекрши законот никогаш не дојде до дефиниција на правилниците, но проблемот остана. Година и нешто потоа се уште имаме ист проблем со почитувањето на авторските права што беше неиздржливо од аспект на почитување на законот. Имаме посебен Закон за авторски права, а како и за многу други работи проблем ни е судството кое не ги процесуираше и не ги процесуира претставките и предметите што се однесуваат на заштита на авторските права. Пред распуштање на Собранието ние само го ставивме законот во сила, прецизира Манчевски.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ