• Latest

Двојно повеќе портали пријавени за платено политичко рекламирање од бројот на оние во регистерот на ЗНМ и СЕММ

March 6, 2020

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

(ВИДЕО) Катарскиот премиер Ал-Тани го обвини Нетанјаху дека „убил секаква надеж“ за израелските заложници

September 11, 2025
Фото: Скринчот од видео на
CBS News

Руски дронови веќе влегоа во воздушниот простор на неколку НАТО членки – многу други може да бидат во нивниот дострел

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Двојно повеќе портали пријавени за платено политичко рекламирање од бројот на оние во регистерот на ЗНМ и СЕММ

March 6, 2020 12:11
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се „опарат“ ли медиумски анонимуси од претстојните парламентарни избори од платеното политичко рекламирање? Ваквото прашање логично се поставува откако во речиси идентичен временски период беа промовирани два регистри на он-лајн медиуми во земјава со огромна разлика во нивниот број.

Регистарот на професионални он-лајн медиуми „Промедиа“ беше промовиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите кон крајот на декември 2019 година, при што самата веб-страница од денес е функционална и достапна за јавноста. Според актуелните податоци, во овој Регистар се впишани вкупно 101 он-лајн медиум, вклучувајќи ги медиумите што објавуваат содржини на македонски и албански јазик и оние што објавуваат информативни, забавни или образовни содржини од регионален или локален карактер.

Во речиси идентичен временски период, Државната изборна комисија (ДИК) го објави Регистарот на интернет – портали кои обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 12 април. Во овој регистар се впишани дури 235 интернет портали. Платеното политичко рекламирање на овие портали ќе се покрие од државниот буџет, а еден портал ќе може да добие максимум 15.000 евра.

„Мета.мк“ направи преглед на дел од интернет – порталите коишто се пријавиле до ДИК за платено политичко рекламирање на претстојните избори. Меѓу нив, можат да се најдат портали кои се отворени на почетокот од годинава, непосредно пред објавата на известувањето од ДИК дека сите медиуми ќе треба да се регистрираат за платено политичко рекламирање. До веб – страниците на некои интернет – портали не можеше ниту да се пристапи во моментот на нашето пребарување. Некои од овие „медиуми“ имаат објавени текстуални содржини, но случајно или не, немаат вметнато датум на објава на нивните текстови.

Од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денес испратија соопштение во кое посочуваат дека главната цел на изработката на регистарот на професионални он – лајн медиуми била да се подобри нивниот кредибилитет и да се препознаат оние медиуми на Интернет кои ги почитуваат етичките стандарди во новинарството. Треба да се потенцира дека дел од вклучените 101 он-лајн медиум во регистарот „Промедиа“ воопшто не се пријавиле до регистарот на ДИК и не планираат да емитуваат платено политичко рекламирање за претстојните избори на 12 април.

За финансирање на медиумската кампања на политичките партии за претстојните парламентарни избори од државниот буџет е планирано да се потрошат околу 6,5 милиони евра.

извор МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ