• Latest

СДСМ и Беса ги утврдуваат заедничките кандидатски листи за изборите

March 6, 2020

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

(ВИДЕО) Катарскиот премиер Ал-Тани го обвини Нетанјаху дека „убил секаква надеж“ за израелските заложници

September 11, 2025
Фото: Скринчот од видео на
CBS News

Руски дронови веќе влегоа во воздушниот простор на неколку НАТО членки – многу други може да бидат во нивниот дострел

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

СДСМ и Беса ги утврдуваат заедничките кандидатски листи за изборите

March 6, 2020 16:07
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај изборот на кандидати кои би се нашле на изборните листи на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април, во СДСМ паралелно се одвиваат и разговорите со БЕСА во делот на утврдување на заедничките кандидатски листи. Разговорите на сите нивоа ќе се одвиваат се до Конгресот на СДСМ, до 9 март. Има интензивна работна атмосфера во СДСМ, а ќе има и викендов, се до понеделник кога ќе ги заокружиме сите шест кандидатски листи. Ова денеска на прес-конференција го соопшти генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски одговарајќи  на новинарско прашање.

– Разговараме за интегрирање на програмските потенцијали, односно програмските понуди, кои исто така треба да бидат верифицирани и на Конгресот на СДСМ и во телата на БЕСА. Овие процеси се одвиваат согласно динамиката, согласно роковите и договорот што е постигнат меѓу претседателите е цврста гаранцијата дека на следните избори со сигурност ќе имаме заеднички листи првпат и оти многу лесно ќе бидат утврдени местата и позициите, рече Николовски.

Пред се, како што истакна, е битен и квалитетот на кадровскиот потенцијал.

„Битно е за граѓаните какви кадри нудиме. Ние го утврдивме принципот 50-50, како прва политичка структура, најголема. На листите ќе имаме 50 отсто жени, 50 отсто мажи. Ќе имаме сосема отворени листи што ќе бидат една слика за целокупното наше општество. СДСМ има и свои кандидати кои се Албанци. Ќе бидат застапени сите етнички заедници. Паралелно ги завршуваме разговорите и со сите други останати коалициски партнери“, нагласи Николовски.

Најави дека ова ќе биде, како што рече, најголемата победничка предизборна коалиција. – Не само поради тоа што сме со БЕСА заедно и што е нов квалитет на целокупната наша понуда и е една силна гаранција дека оваа коалиција со сигурност, веќе тоа сите го знаат по реакциите, дека го добива мандатот за формирање Влада. Ова ќе биде најголема коалиција која настапила на било кои парламентарни избори, рече Николовски.

Николовски информира дека во моментов во СДСМ завршува внатрепартиската постапка и процедура и во делот на предлагање од ниво на месни одбори до утврдувањето на потенцијалните кандидати  од страна на општинските организации. Досега се евалуирани над 750 кандидати кои имаат поднесено кандидатури во СДСМ, без оглед дали се членови на партијата, поддржувачи, активисти, индивидуалци, интелектуалци, кои на отворената понуда, постапка и транспарентен однос од наша страна навистина пројавија интерес. Посочи дека и согласно утврдените критериуми и процедури кои првпат ги спроведуваат како најголема политичка организација. Таа постапка се одвива и  треба да заврши вечерта на 9 март, на Конгресот на СДСМ. Пред Конгресот ќе се одржат состаноци на Центарлниот и на Извршниот Одбор. Работната група која работи на проблематиката на утврдување на кандидатите до тогаш интензивно ќе ги анализира сите материјали, документи, ќе ги евалуира, оценува со број на бодови и по потреба на разговор се повикуваат многу кандидати.

„Отвораме една нова страница, нов квалитет во политичкото одлучување, во развојот на кадрите, во селекцијата итн“, потенцира Николовски.

Како што истакна, има загарантирани места за коалициските партнери на СДСМ, но и тоа ќе го соопштат на Конгресот, кога ќе ги заокружат сите одлуки на Извршниот и на Централниот Одбор. Места и позиции се разговараат, пред се, меѓу претседателите на политичките партии, но битен е и квалитетот на целокупната постапка, рече Николовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ