• Latest

Да не ја испеел Зекирија Ибрахими албанската химна во Собранието, протестите на 27 април ќе продолжеле мирно

March 9, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Да не ја испеел Зекирија Ибрахими албанската химна во Собранието, протестите на 27 април ќе продолжеле мирно

March 9, 2020 12:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, денеска продолжи во Кривичниот суд со воведни зборови на одбраната и обвинетите. Иако на претходното рочиште беше најавено, денеска нема да сведочат техничкиот премиер Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом, бидејќи немале уредни покани.

Адвокатот Еленко Миланов, кој ги брани обвинетите Трајко Велјаноски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, во воведните зборови кажа дека уставниот поредок на државата на 27 април не бил загрозен, како што се наведува во обвинителниот акт. Тој истакна дека во текот судењето ќе докажал дека никој од обвинетите не организирал и не повикал на насилства во Собранието на 27 април 2017 година.

– Ќе докажеме дека постапување на претседател на Собранието, не може да биде сторување кривично дело. Ќе докажеме дека на 30 декември 2016 започна конститутивна седница на парламентарен состав, на парламентарна демократија, рече адвокатот Миланов.

Според него, не може да биде инкриминиран акт комуникацијата меѓу претседателот на Собранието, во овој случај Трајко Велјаноски и неговиот вработен. Импулсивната реакција на пратеникот Зекирија Ибрахими, како што наведе адвокатот Миланов, е последниот камен од мозаикот, односно мирните протести ќе продолжеле и на 27 април, исто како и на 21 и 26 ако не била неговата реакција.

-Него го нема во диспозитивот на обвинението, освен во листата на докази на одбраната. Ќе се докаже како и на кој начин овој пратеник изреагира, кажа Миланов.

Одбраната на обвинетите за организаторите на „27 април“, исто така кажа дека ќе докажат дека немало организиран превоз на граѓани од страна на Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.

-Ќе докажеме дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, во ниту еден момент не биле во ниту една базна станица со лицето Александар Василевски – Нинџа, кој изјавил дека видел и слушнал како Спиро и Миле организираат некого во штабот, рече Миланов.

Обвинетиот Трајко Вељаноски, во својот воведен говор рече дека оваа обвинение е по нарачка на извршната власт, односно дека Обвинителството за гонење на корупција и организиран криминал, е инструмент за уценување, исто како и СЈО.

-Ќе докажам дека конститутивната седница на 30 декември ја закажав согласно Уставот и Правилникот на Собранието. Претходно на 29 декември имав состанок со пратеници од СДСМ, БЕСА, ДУИ и Алијанса за Албанците. Од 30 декември до 27 март немав основа за закажување на конститутивната седница. Вакво барање добив на 17 март, односно во текот на февруари и март немаше барање за конститутивна седница, рече Вељаноски.

Поранешниот претседател на Собранието, сега обвинет за организирање на насилствата на 27 април, Трајко Велјаноски, кажа дека пратеникот Зекирија Ибрахими ќе го предложи за негов сведок.

-Пратеникот Зекирија Ибрахими во својот говор пееше на албански. Јас не бев запознаен што пееше, траеше 20 секунди и немаше превод. Ќе докажам дека на пратеникот не сум му дал збор преку ред, како што тврди обвинителството. Обвинителството ако сакало да ја знае вистината ќе го сослушало лицето Зекирија Ибрахими, додаде Вељаноски.

Тој и на првото рочиште минатата недела, се изјасни како невин, а вина негираа и другите обвинети во предметот „организатори на насилствата во Собранието на 27 април“, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство, за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април 2017 година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ