Демократската партија на Албанците во моменотв одржува изборна конвенција во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
И покрај забраната од МЗ за масовни собири и денешните усогласувања за понатамошниот тек на предизборните активности на партиите на лидерската средба, ДПА не ја откажа конвенцијата.
На лидерската средба присуствуваше претставник од ДПА, а лидерот на партијата, Мендух Тачи, се сретнал со францускиот амбасадор во РСМ, Тимоние.