• Latest

Србија го суспендира извозот на основните прехранбени производи и средства за дезинфекција

March 14, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Србија го суспендира извозот на основните прехранбени производи и средства за дезинфекција

March 14, 2020 14:03
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот со кризниот штаб за отстранување на ефектите од коронавирусот, изјави дека државата ќе го спречи извозот на основни прехранбени производи во наредните 30 дена, а ќе се суспендира и извозот на средства за дезинфекција, јави дописникот на МИА од Белград.

– Граѓаните не треба да се грижат за основните прехранбени производи. Планираме со ова да завршиме за два месеца. Имаме доволно пченица и брашно, немаме проблем со масло и шеќер … Ќе го спречиме извозот на основните прехранбени намирници за најмалку 30 дена, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека и производителите на средства за дезинфекција и на тоалетна хартија нема да можат да ги извезуваат своите производи на странски пазари.

Вучиќ оцени дека Србија ја очекувааат тешки времиња кога станува збор за состојбата со коронавирусот, бидејќи сè очекува зголемување на бројот на заразени лица, но исто така истакна дека државата направила голема работа во последните 24 часа за обезбедување целосна контрола и надзор над обезбедувањето на основните прехранбени производи.

– Сега сме деветти ден и очекуваме голем раст, многумина од нас ќе ги загубат своите најблиски, а нашата цел е да го намалиме тоа колку што можеме и да обезбедиме животот да победи во Србија, порача Вучиќ.

Државата ќе го замени недостигот на ликвидни средства со кредити од Фондот за развој со еден процент камата, најави Вучиќ.

– Имаме 13,5 милијарди евра девизни резерви, пет милијарди повеќе од пред неколку години. Имаме 30,5 тони злато, девет тони во Берн, Швајцарија, така што можеме во секој момент тоа да го наплатиме. Нашата монетарна и фискална стабилност не е доведена во прашање, оцени Вучиќ.

Кога станува збор за компаниите и поединците погодени од коронавирусот, Вучиќ рече дека „колку што можеме да помогнеме, ние ќе помогнеме“.

– Дел од оние кои се директно погодени, државата ќе им помогне во исплата на платите … Народната банка нема да печати дополнителни пари, кажа Вучиќ.

Што се однесува до бројот на респиратори, Вучиќ рече дека утрово набавил уште 50 и дека набавката не е објавена никаде, додавајќи дека вкупниот број на респиратори од денеска е државна тајна во Србија.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ