• Latest

Светот по пандемијата

April 15, 2020

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Светот по пандемијата

Каква економија, образование, култура, забава, секс... нѐ чека во блиската иднина? Ова е научно-фантастична, но и не толку фантастична верзија на светот по пандемијата.

April 15, 2020 12:32
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Економисти, политичари, научници, квази научници, воени стратези, криминалци, технолози, бизнис планери, футуристи… Сите се втурнати во предвидување, планирање и пишување стратегии и сценарија за светот по пандемијата.

Веќе сега е очигледно дека светот опасно се приближува кон авторитарните облици на владеење. Некаде со тврда диктатура, некаде со силно изразени тенденции на следење и контрола на комуникациите и надзор на движењето на луѓето.

Во светот по пандемијата роботите ќе заземаат сѐ позначајно место во животот на луѓето. Сѐ повеќе работни места ќе ги заземаат софистицирани роботи кои ќе вршат услуги буквално во сите области. Технолошкиот бум ќе создаде гиганти од оние што произведуваат софтвер и хардвер за дигитализираниот свет. Едноставно, светот целосно ќе се дигитализира и роботизира, оставајќи сѐ повеќе луѓе без работа, а со тоа и без основни средства за живот. Тоа ќе биде време и кога минорна болест ќе значи брза и болна смрт за голем број луѓе.

Вештачката интелигенција веќе сега е напредната, но во светот по пандемијата, овој човечки изум ќе почне да креира нови изуми, особено во светот на фармацијата, но и во комуникациите, безбедноста, сите гранки на индустријата… Веќе не е далеку времето кога вештачката интелигенција ќе ги надмине способностите на својот креатор – човекот.

Сѐ поретко ќе одиме на лекар. Наместо тоа, нашиот лекар ќе може да нѐ прегледа онлајн, со помош на гаџети што ќе ги има во нашите домови. Или, уште „поедноставно“,  робот ќе долета со дрон преку нашиот прозорец и ќе ни го скенира телото. И уредно ќе ни наплати, дигитално, се разбира.

Ако Робокап беше чиста фантазија во 1987 година кога се појави на филмското платно. Сега веќе нема дилеми дека дел од полицајците што ќе го одржуваат редот и мирот во нашите градови, на патиштата и границите, ќе бидат роботи кои непогрешливо ќе ги следат командите од еден центар. Се разбира, освен тогаш кога во мрежата ќе се уфрли некоја криминална или терористичка структура.

Со време, и судиите ќе ги заменат роботи со вештачка интелигенција кои нема да се двоумат да им пресудат на криминалците така како што пишува во законот, а од судница, роботоизираната затворска полиција, ќе ги транспортира осудените до дигиталните затвори, веднаш и без посредство на политиката, бизнисот и криминалот. Освен ако не бидат хакирани…

Образованието ќе се дигитализира, а зградите на училиштата постепено ќе ја изгубат својата смисла, до нивно целосно исчезнување. Интернет просторот ќе биде една огромна, глобална училница во која ќе се стекнуваат знаењата, но и заблудите. Обликувањето, но и манипулацијата со умовите на децата и младите нема веќе да биде физичка и примитивна, туку електронска. Дали тоа ќе значи поголема слобода при изборот на знаења и вештини или ќе значи уште поголем хаос, ќе зависи од политиките на владите низ светот.

Во светот во кој социјалното дистанцирање ќе стане норма, верските лидери од сите континенти ќе добијат уште поголема моќ. Наспроти вртоглавиот напредок на технологијата, трговците со „небесни производи“ ќе најдат извонредно упориште во човечката надеж и лековерност и ќе понудат лажна божественост, топлина и човечност во светот со кој ќе управуваат студените дигитални платформи.

Забавата, уметноста и културата, како и образованието и сѐ друго, ќе се преселат во бескрајните онлајн хали. Веќе сега ја живееме ерата на Нетфликс, а телевизорите сѐ повеќе се само монитори на кои се пренесуваат онлајн платформите за информирање, едукација, забава, уметност, култура…

Со време, ќе исчезне и потребата од монитори, па дури и од телефони. Голем дел од продуктите на дигиталната индустрија ќе се пресели во доменот на холограмите, а постепено и тие ќе бидат исфрлени од употреба. Не е далеку ни времето на чиповите кои ќе генерираат содржини и директно ќе комуницираат со човечкиот мозок, оставајќи ги сетилата и мускулите пасивни и закржлавени.

Добра вест и за гејмерите. Гејминг индустријата веќе бележи невиден скок. Е-спортовите стануваат и олимписка дисциплина, а во светот по пандемијата, гејмерите ќе станат меѓу најважните и најпознатите спортисти во светот.

И сексот ќе се дигитализира. За посиромашните, тоа ќе бидат онлајн платформите на порнографската индустрија која ќе се користи во комбинација со евтини легални и нелегални дроги за засилување на сексуалното искуство. За побогатите, сексуалните задоволства ќе ги обезбедат интелигентни, роботизирани конкубини со раскошни биомеханички атрибути и висока вештачка интелигенција. Но, со време, дури и тоа ќе стане декадентно.

Кога технологијата ќе се поврзе со нервниот систем на човекот, ќе исчезне потребата и од патувања и од човечки допири. Сѐ ќе се случува во мозокот, врз основа на дигиталните импулси и пораки што ќе ги испраќаат моќните сервери зад кои ќе стои вештачка интелигенција. И борбите во електронските спортски арени ќе станат толку реални, како и дигиталните војни што ќе ги водат гејмерите. Доживувањето ќе биде максимално, до смрт.

Ако сево ова изгледа како обичен сци-фи сон, доволно е да се потсетиме на фактот дека голем дел од тинејџерите не знаат што е касетофон, видео рекордер, телефон со бројчаник, машина за куцање, факс… Сега, деца од двегодишна возраст писмено ракуваат со андроид оперативните системи на нашите телефони.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Tags: Интернетпандемијатехнологиифутуризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ