Минатата година успешно се справивме со епидемијата на мали сипаници.
Воведовме две нови вакцини – и против против стрептококус пнеумоние. Вкупно 49.332 се вакцинираа против морбили.
Вакцинацијата против стрептококус пнеумоние ги заштитува децата од инфекции на увото, синусите, воспаление на белите дробови, но и тешки компликации како воспаление на мозочните обвивки (менингитис).
Вакцината против рота вируси ги заштитува децата од тешки дијареи предизвикани од овие причинители, пропратени со многу висока температура, дехидратација и комликации.
Секое дете има право да живее ослободено од болести што можат да се спречат од вакцинирање. Затоа зајакнувањето на имунизацијата останува една од нашите клучни активности.












