• Latest

Во „теовел“ омразата се приклучи и Антонио Милошоски

July 3, 2020
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Дезинформациите и нивното влијание

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Жителка на руската област Белгород тврди дека руски воен авион бомбардирал цивилна област: Тоа беа наши авиони

August 11, 2025

Четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки-предлага Народна банка

August 11, 2025
Фото: МИА

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Украина и Газа на видеоконференција

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на The New Region / Х

Едно лице загина во североисточната турска покраина Баликешир во земјотрес со јачина од 6,1 степени

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија ќе ја признае палестинската држава во септември

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги премести портретите на Обама и Буш на помалку видливи места во Белата куќа

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Пет новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во Газа

August 11, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ: Западниот Балкан – заспиј ако можеш (1 дел)

August 11, 2025

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Во „теовел“ омразата се приклучи и Антонио Милошоски

July 3, 2020 15:31
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиот период Ромите и ромскиот јазик станаa мета на исмејување, преку ширење на говор на омраза или како што велат релативизаторите (партиските ботови) „само се зезаат“ со техничкиот премиер Оливер Спасовски за неговиот говор на ромски јазик, по повод честитката за 8-ми Април, Денот на Ромите.

Хајката и говорот на омраза започна по колумната на новинарот Драган Павловиќ Латас со наслов – „Набутинавле охохо“, објавена на 25 мај во весникот Вечер, во која го обвинува премиерот Спасовски дека не знае ромски, но дека знае да ги поткупи Ромите да гласаат на избори.

„Можда човекот знае ромски, а не знае влашки, си викам. Ама, кога го гледав како го крши јазикот за денот на Ромите не ќе да е тоа, туку Ромите си ги гледа како пациенти за поткуп на избори а Власите, богами, не се даваат така лесно за кутија зејтин“, пишува Латас.

На „зезањето“ предизборно се приклучи и Антонио Милошоски, член на политичката партија ВМРО ДПМНЕ кој пред четирии дена (додека бил во самоизолација) на својот Твитер профил, сподели видео од две девојки коишто на социјалната мрежа ТикТок танцуваат на ремикс песна (Обиџуко) од говорот на Спасовски. Милошоски објавата ја сподели од Твитер профилот @zlatkothegoldy, кој е веројатно партиски бот, бидејќи постојано споделува соджини со говор на омраза на социјалната мрежа Tвитер, а воедно споделува и објави за поддршка на партијата ВМРО ДПМНЕ.

Помеѓу профилите коишто ја споделиле и лајкнале објавата, можат да се забележат слични профили коишто континуирано шират дезинформации и поттикнуваат говор на омраза.

На Фејсбук страната „Теовел Обиџуко“ има неколку објави видео и фотомонтажи со „зезање“ на премиерот Спасовски. Но, веројатно оваа група не служи само за „зезање“, па може да се најдат и објави против СДСМ.

Но, „теовел зезанцијата“ помалку почнува да си го покажува вистинското лице и намен(р)а. Па така профилот Кубрат Шазивар, сподели објава на профилот ДрнДрнЈариња кој отворено пишува дека ги мрази гадните ц…..и! Додека профилот Курка коментира дека и е слатко тоа што мало и босо циганче си ги лиже мрсулите.

ЦИВИЛ Медиа објави неколку текста за расистичките шеги на сметка на ромскиот јазик, демек обид да се исмее честитката на Оливер Спасовски. „Нормално, тие што исмеваат не знаат ниту збор ромски, освен пар пцовки. А не се исмеваат со Спасовски, туку со ромскиот, нека е јасно. Спасовски е тука само спотер на политичка омраза, преку кој го изјавуваат и својот расизам и ксенофобија. Колку и да го кријат, од некаде ќе излезе. Просто е појако од нив“, пишува активистот Петрит Сарачини, додавајќи дека „помина времето кога се исмевавте со „пониските“ од вас. Сега сме у втора фаза – иде време на соочување, борба на вредности и аргументи. И како што велеше Ганди, на крај, ќе ве победиме!“.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share62Tweet39Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ