• Latest

Политичкиот мегдан на овие избори се пресели на Фејсбук

July 8, 2020
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Политичкиот мегдан на овие избори се пресели на Фејсбук

Во ситуација кога традиционалните пристапи, како демонстрирањето бројност преку класичните предизборни митинзи и непосредниот контакт со гласачите во походите „од врата до врата“ се надвор од игра, партиите можат да си дозволат (а и немаат друг избор) да пренасочат голем дел од буџетите што инаку би го потрошиле на скапите бини, озвучувањето и автобусите за митинзи - во рекламирање на социјалните мрежи.

July 8, 2020 13:25
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Важноста на социјалните мрежи и на дигиталниот простор воопшто за обликувањето на демократскиот амбиент во секоја земја очигледно расте, а сè поголем е бројот на документирани примери на држави во кои се гледа како предизборните битки на интернет и директно одлучуваат кој ќе ја добие власта.

Кризата со коронавирусот го смени и начинот на кој партиите можат (и сакаат) да водат кампања, што уште повеќе го заострува фокусот на политичките чинители врз социјалните мрежи.

Кај нас, предвид треба да се земат и некои локални особености. И без да се има  прецизна социјално-демографска слика за структурата на населението во државава, јасно е дека ако сте политичка партија, вашата целна група на секои избори ја надополнуваат младите, за кои интернетот е не само главниот, туку и единствениот извор на информирање.

Повозрасните гласачи, кои се потпираат врз традиционалните медиуми, за разлика од младите, многу помалку можат да влијаат предизборните пораки на партиите низ видеоспотови и други содржини на социјалните мрежи.

Сепак, телевизијата бавно, но сигурно, го губи приматот што традиционално го држи во информирањето на македонските граѓани, а интернетот и социјалните мрежи стануваат просторот во кој се случува вистинското предизборно соочување.

Овој факт, секако, добро го сфаќаат македонските политички партии, кои, во оваа кампања, се чини посветуваат досега најголемо внимание на претставувањето на интернет и особено на платеното рекламирање на социјалните мрежи.

Во ситуација кога традиционалните пристапи, како демонстрирањето бројност преку класичните предизборни митинзи и непосредниот контакт со гласачите во походите „од врата до врата“ се надвор од игра, партиите можат да си дозволат (а и немаат друг избор) да пренасочат голем дел од буџетите што инаку би го потрошиле на скапите бини, озвучувањето и автобусите за митинзи – во рекламирање на социјалните мрежи.

Во првите десетина дена од почетокот на официјалната предизборна кампања, забележливо е дека трошењето на македонските партии на рекламирање на интернет речиси целосно оди на Фејсбук и неговите придружни платформи – Инстаграм и Месинџер. Ова не е изненадување – според последните истражувања, џинот меѓу социјалните мрежи има повеќе од 1.1 милион активни Фејсбук-профили во земјава и тој е далеку најпопуларниот простор за социјализирање (и информирање) на македонските граѓани на интернет.

Предизборните спотови, кои на телевизија се емитуваат според распоред и обем одреден од Државната изборна комисија, можеби за првпат го имаат Фејсбук како примарна платформа за пласман. Ова особено важи за спотовите кои со концептот, темата и изведбата целат на креативност и новост во изразувањето на политичките пораки, а со тоа се упатени кон помладите гласачи.

Но, просечниот граѓанин нема увид во тоа колку чини рекламирањето на Фејсбук и што може да се добие за релативно мала сума пари, па од сеприсутноста на партиските реклами за време на кампањата лесно може да се добие погрешниот впечаток дека  спонзорираните објави на Фејсбук ги чинат партиите големи суми пари.

Во рамките на политиките за транспарентност на кои беше принуден по американските претседателски избори во 2016 година, Фејсбук го објавува бројот на активни спонзорирани постови на секоја страница, а кога се работи за политичкото или предизборното рекламирање, социјалната мрежа дури ја открива и сумата што страниците ја трошат.

Но, за да се случи тоа, таа страница треба да помине низ сложен   процес на авторизација од страна на Фејсбук, а потоа и да биде целосно транспарентна околу тоа кој точно плаќа за секоја реклама. Не е тешко да се сфати зошто Фејсбук-страниците на нашите политички партии бираат да не влегуваат во такви компликации и своите реклами ги објавуваат како и секоја друга страница на компанија или продавница.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ