• Latest

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

July 15, 2020

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

July 15, 2020 09:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прес конференција во 8 часот

На првиот прес на ЦИВИЛ во 8 часот утринава, Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во име на организацијата на сите граѓанки и граѓани им посака слободни и безбедни избори.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/3728836260465698/

„Овие предвремени парламентарни избори се десетти по ред парламентарни избори во нашата земја и се спроведуваат во специфични услови, со предизвици кои ги наметна пандемијата од коронавирусот. Затоа, нашиот прв апел на денешниот ден е до гласачите, изборната администрација, медиумските екипи, полицијата и набљудувачите – строго да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот. Заштитата е едноставна, се носи маска, се држи дистанца и рацете се дезинфицираат при влез и при излез од избирачките места. Набљудувачите на ЦИВИЛ го започнаа своето изборно набљудување во 6:30 минути утринава. Им посакуваме успешна работа и мирен ден“ – изјави Дерала на почетокот на првата прес конференција во хотел Порта, Аеродром.

Што се однесува до извештаите од мониторингот на ЦИВИЛ, најзабележливо е тоа што во текот на изборниот молк кој започна на полноќ, 13 јули, се бележат стотици случаи на кршење на изборниот молк, како на социјалните мрежи, така и на терен, од познати, но и од непознати нарачатели. Изборниот молк се крши низ целата земја и во текот на изминатата ноќ. Кршењето на изборниот молк е придружено со невидена негативна, црна кампања, со стотици случаи на говор на омразата, лажни вести и дезинформации. Во текот на изминатите два дена, ЦИВИЛ издаде детални соопштенија за овие појави.

„За жал, овие денови констатираме дека во јавноста се добива впечаток дека во земјава функционираат две или повеќе министерства за внатрешни работи, а се констатира кршење на изборниот молк и политичка пропаганда кои произлегува токму од ова министерство. Тоа во јавноста остава лош впечаток и може да предизвика конфузија и несигурност. Да се надеваме дека граѓанките и граѓаните на Република Северна Македонија ќе покажат зрелост и политичка култура и ќе го искористат своето уставно гарантирано право на глас, независно од политичките несогласувања во ова министерство“ – рече Дерала на прес конференцијата.

Што се однесува до нерегуларностите, мониторингот на ЦИВИЛ бележи случај во Избирачкото место (ИМ) 836 во Кочани, каде што има групирање на луѓе, а се бележи и обид за семејно гласање кој бил спречен од ИО.

Понатаму, во ИМ 2042 во Брвеница, се бележи случај на неовластено присуство во избирачкото место, под изговор дека е партиски набљудувач на одредена партија, но без потребното овластување. Се создала тензија, а двајца членови на Избирачкиот одбор (ИО) му пружаат поддршка и му дозволуваат да остане во ИМ, без оглед на тоа што не поседува потребни овластувања.

Набљудувачите на ЦИВИЛ го набљудуваа отворањето на повеќе од 200 ИМ низ целата земја. Сите овие ИМ се отворени на време. Самите ИМ се уредни и прописно подготвени за денешниот изборен ден.

Што се однесува до мерките за заштита од коронавирусот, се бележи дека во ИМ 2873 во Чаир членовите на ИО не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

ЦИВИЛ ќе одржи шест прес конференции во текот на изборниот ден (15 јули). Следните термини за прес конференција се 10, 13, 16, 18 и 22 часот. Веднаш по завршувањето на прес конференцијата во 22 часот, ќе се одржи панел дискусија за оценка на изборниот процес, со учество на членови на тимот на ЦИВИЛ, како и Сашо Орданоски, Јасна Бачовска Висар Адеми. Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат видео содржината и извештаите на ЦИВИЛ.

Прес центарот на ЦИВИЛ на 15 јули е во хотел Порта, Аеродром. Организацијата обезбедува бесплатен такси превоз за сите новинарски екипи до хотелот (потребно е да се приложи уредна сметка). Во прес центарот ќе биде обезбеден и простор за новинарските екипи за работа, закуска и освежување.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ