• Latest
Woman checks glucose level in blood at the child

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара изработка на национален регистер на дијабетичари

August 21, 2020

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара изработка на национален регистер на дијабетичари

August 21, 2020 11:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Woman checks glucose level in blood at the child

Woman checks glucose level in blood at the child

Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија упатија отворено писмо до Министерството за здравство да ги разгледаат нивните барања / предлози кои се во насока за подобрување на медицинската грижа на пациентите, односно на пациентите со дијабетес мелитус, сeкако имајќи ја во предвид новата реалност предизвикана со вирусот Ковид 19:

Писмото го објавуваме во целост со нивните барања:

– Усвојување на национален план за превенција од дијабетес 2020 – 2030.

– Изработка на национален регистер за лица со дијабетес 

Водејќи се од потребата за добра евиденција и увид во моменталната ситуација, потребно е државата да го креира овој национален регистар со точна бројка на лицата со дијабетес, по тип на дијабетес, возраст, пол, место на живеење и сл. Транспарентно достапниот регистер ќе биде сериозен темел за да се изработи националната стратегија за справување со дијабетесот. Изработката на оваа национална стратегија сметаме дека треба да биде доделена на стручната јавност и во креирањето на истата да бидеме вклучени и ние како национален сојуз.

– Организирање на едукативни кампови за деца и адолесценти со дијабетес

Едукацијата за дијабетес да се стави на врвот на приоритетно дејствување на сите чинители за превенција и справување со дијабетесот, предводени од националната комисија за дијабетес и министерството за здравство. Со организацијата на овие едукативни кампови кај овие две групи на пациенти, кои се посебно осетлива категорија на пациенти, сметаме дека на истите ќе им помогнеме за полесно да ја прифатат својата здравствена состојба и со тоа да им помогнеме да постигнат добра контрола на дијабетесот, како и да научат како да постигнат сигурна лична заштита од Ковид 19.

– Набавка на најсовремени достапни терапии

Водејќи се од идејата нашите пациенти да добиваат современа терапија за третман на нивниот дијабетес, очекуваме дека како Министерство за здравство ќе успеете истата да ни ја обезбедите. Во овој дел нашите очекувања се однесуваат за набавка на современата инсулиска терапија, GLP-1 агонисти како и друга таблетарна терапија. Во реализацијата на престојниот тендер нашите очекувања се дека, согласно законот за лекови, сите законски барања во делот на квалитет ќе бидат запазени. 

– Набавка на сензори за континуирано мониторирање на гликемиите, глукометри, ленти, ланцети и инсулински игли

Сензорите за континуирно мониторирање на гликемиите се медицинско помагало со кое во огромна мерка од една страна се унапредува гликемиската контрола, а од друга страна се подобрува квалитетот на живот на децата со дијабетес тип 1 и нивните фамилии. Очекуваме набавка на количини кои ќе бидат доволни за сите деца со дијабетес тип 1 на возраст до 18 години. За нивната набавка сметаме дека треба да се обезбеди буџет кој ќе биде независен и одвоен од буџетот за набавака на инсулин и друга антидијабетична терапија.

Набавката на глукометри за мерење на гликемија, ленти, ланцети и игли за пациентите со дијабетес тип 1 и тип 2 согласно највисоките светски стандарди за глукометри и протоколи за контроли на гликемијата, задржувајќи го принципот на предност за квалитет наместо најниска цена. Предлагаме да се реализира по принципот на референтна цена, односно истите да се вклучат на позитивната листа или да се издаваат по принципот на издавање на ортопедските помагала. Сметаме дека треба да се дефинира најниска референтна цена која ќе биде покриена од страна на ФЗО а разликата од таа цена до цената на друго избрано помагало да биде надоместена од страна на самите пациенти. Исто така, очекуваме дека ќе продолжи како и досега, набавката на игли за аплицирање на инсулин од 4мм и 6мм. На ваков начин од една страна државата ќе продолжи да обезбедува загарантирани глукометри, ленти, ланцети и инсулински игли, како и до сега, а од друга страна самите пациенти ќе имаат право на избор ако сметаат дека истиот е неопходен.

– Унапредување на грижата за пациентите со дијабетес Ковид 19

Сметаме дека Министерството за здравство, со значително повисоко ниво ќе ги унапреди квалитетот на услуги за прегледи кај специјалисти: дијабетолози, ендокринолози, офтамотолози, кардиологија, неврологија и нефролози, за навремено откривање на можни комбордитети. Предлагаме измена за системско решение за континуирана достапност на стручна психолошка поддршка на нашите пациенти. Сите интернисти кои имаат право да пропишуваат инсулинска терапија сметаме дека треба да имаат право да ја пропишуваат и новата современена терапија, за разлика од сегашното решение согласно кое само одреден број на интернисти (центри за дијабетес во рамки на општи и клинички болници), имаа привилегија да лечат со современа терапија. Сметаме дека неопходно е рестартирање на центри за дијабетес, во здравствените установи каде постоеле, во некои од регионите и како регионални центри за дијабетес.

Особено важно, за здравјето па и животот на лицата со дијабетес, е итно да се вратат сите специјалистички и субспецијалистички прегледи за лицата со дијабетес покрај шестмесечните, да се овозможат интеревенциите на лицат со дијабетес кои имаат комбордитети како шти се неврологија, офтамотолигија – особено за спас на видот.

На крај дозволете да Ви се заблагодариме за нашата досегашна успешна соработка и да изразиме надеж дека овие наши конструктивни барања / сугестии ќе бидат разгледани и усвоени од Ваша страна, согласно можностите.

Само со обострано меѓусебно почитувања и препознавање на моменталните потреби ќе бидеме во можност да ја унапредуваме оваа соработка, со цел да создадеме услови за подобра грижа на нашите пациенти, подобри гликемии, помалку компликаци и многу позадоволни пациенти, а со тоа и позадоволни семејства, пишува Димче Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ