Јетон Шаќири предложен за нов министер за информатичко општество и администрација, потврдиле од ДУИ за весникот Коха.
Со назначување на министерското место во МИОА се комлетира составот на Владата. Во медиумите и во јавноста, деновиве се зборуваше дека Шерет Елези, досегашната заменик-министерка за финансии ќе биде следната министерка за информатичко општество.
Во новата влада ќе има 26 министерства. Од редовите на СДСМ министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, за одбрана Радмила Шекеринска, за правда Бојан Маричиќ, Благој Бочварски во Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, Ирена Стефовска, министер за култура. Венко Филипче останува министер за здравство, Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука, а досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања. Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања, а Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата.
Министер за локална самоуправа останува Горан Милески, Аријанит Хоџа министер за земјоделство.
Од редовите на ДУИ, Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешна работи, Крешник Бектеши за економија, а Насер Нуредини за животната средина и просторно планирање.












