• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025 17:17
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември, а во 33 општини граѓанките и граѓаните ќе излезат на гласање, додека во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Веќе во 33 општини е завршен првиот круг, а за 11 општини се решава по приговори пред да се заклучат изборите. Кандидатите за градоначалници веќе се во трка за гласачи со оглед дека во вториот круг нема цензус туку победува оној со најмногу освоени гласови.

Кандидатот за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од трката

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески  се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека време за обединување и ставање крај на поделбите. Против кандидат на Војнески за втор круг е Жарко Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.

Лабудовиќ и Ѓорѓиевски во акција за расчистување на скопскиот смет

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за прв човек на Скопје Орце Ѓорѓиевски, од рано утрово по центарските и скопските улици се во интензивна акција на расчистување на сметот со логистичка поддршка во вид на механизација за чистење добиена од општина Куманово, општина Кавадарци, како и од неколку помали општини од скопскиот регион.

Максим Димитриевски ветува бесплатен паркинг за околните жители и парк со детско катче на локалитетот Табакана во Куманово

Димитриевски вети дека  нема да се дозволи изградба на нова зграда на локалитетот Табакана, како што е предвидено во урбанистичкиот план, туку на локацијата ќе никне нов бесплатен паркинг за локалното население, како и парк со детско катче. Со тоа вели тој ќе се стави крај на, „урбано градежните групации“.

ВМРО-ДПМНЕ во раст од 17,5% во делот на советнички места, додека пак СДС опаѓа за 42%

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот и дкеа има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%.

Меџити: Ова е чиста победа, изградена со доверба и љубов кон Чаир

Изет Меџити и неговиот тим вечера во општина Чаир ја прославија победата на локалните избори. Меџити им се заблагодари на партиските структури, активистите и граѓаните кои стоеле покрај него во текот на целата кампања.

Мециновиќ прифати дебата со против кандидатот

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица ја прифати поканата за дебата следниот четврток со противкандидато Орце Ѓорѓиевски. Во духот на демократијата и витешката борба, сметам дека сите дебати се добродојдени, напиша Мециновиќ.

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во 11 општини се пристигнати приговори. Поднесени се вкупно 57 приговори во кои се опфатени повеќе избирачки места, од нив 37 приговори се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори се за самата постапка за гласање.

Анализи

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

Излезноста на Албанците на локалните избори во Северна Македонија во периодот 2021–2025 година претставува важен индикатор за политичката активност и функционирањето на демократскиот процес во земјата. Албанците сочинуваат значаен дел од населението, особено во општините во северозападниот дел од земјата, и нивното учество во изборите има директно влијание врз локалните и државните политики. Анализата на нивната излезност овозможува увид во динамиката на гласачката мобилизација, како и во факторите што влијаат врз политичката активност на оваа етничка заедница.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ