• Latest

Промената треба да дава резултати

August 23, 2020
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Промената треба да дава резултати

или, и боговите пред глупоста остануваат неми

August 23, 2020 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

20 години заглавени.

Морав да препрочитувам неколку пати кога сум го напишала текстот.

Не ми се веруваше со колкава упорност и самопрегор граѓаните на власт доведуваат луѓе кои читаат од истите (веќе изветвени) пропагандни ливчиња.

И со која посветеност пред избори ја голтаат фразата дека граѓаните знаат најдобро, а после избори го прифаќаат крстот на вината за се што се случува во државата.

Објавено во УТРИНСКИ, 6 февруари 2001

Успешноста на една програма, на едно претпријатие, на една влада, во светот на развиената западна демократија, се цени според резултатите што ги постигнува таа програма, претпријатие, влада и нивото на задоволување на интересите и потребите на корисниците на таа  програма, клиентите на тоа претпријатие и граѓаните на државата во која егзистира таа влада.

Кога една структура луѓе учествуваат во активно менување на цел еден политички и поширок општествен систем, од нив се очекува да имаат јасна визија: за она што сакаат да го менуваат, за тоа што го очекуваат како резултат на промената и за интересите и потребите на главните корисници на та промена (по претпоставка – граѓаните на соодветната држава). Тоа подразбира постоење јасна претстава за целите што треба да се достигнат, инструментите што треба и што можат да бидат употребени и прецизни и измирливи вредности на излезниот продукт што ќе покажат дали она што се сакало е постигнато.

Ова подразбира постоење власт ориентирана кон постигнување на резултатите и на целите (што во никој случај и на никаков начин не може да ѝ се припише на која било од структурите на власт во Република Македонија), а не кои искажуваат повторување на намерите и одвивање на процесите (во што многу лесно можеме да ги препознаеме сите досегашни влади и нивни структури).

Фиксацијата за процесите и за намерите, наместо ориентацијата кон целите и резултатите, е длабоко вкоренета во нашиот секојдневен живот, меѓутоа, расцветува во сета своја живописност дури во благопријатниот амбиент на државната машинерија (сѐ побујна и побогата колку што се оди повисоко на скалилата на хиерархијата).

Многу рано во животниот век се соочуваме со контроверзната фраза: нема резултат, ама многу се труди.

Добра оценка се дава на ученикот кој не знае, ама толку многу се труди (по цели ноќи учи); преодна оценка добива средношколецот кој не може да научи, ама се гледа дека учи (толку може – што да прави); заслужува да го положи испитот упорниот студент кој вложил многу труд да ги научи лекциите на памет, иако ништо од тоа не разбира (ај греота е детето, кога веќе дошло до овде).

Во моментот кога вложениот напор не се поставува во корелација со постигнатиот резултат, сме ја отвориле вратата на некомпетентноста, незнаењето и неефикасноста. Сѐ понатаму е само прашање на освојување на сѐ поголем простор и постепено разјадување на општественото битие.

Политичките субјекти во Република Македонија (во и надвор од власта), во сите домени на своето постоење и дејствување, верно го следат овој модел и идеално се вклопуваат во шемата на неговиот вредносен систем (како од аспект на изборот на своите кадри, така и во својата секојдневна активност). Сите тие искажуваат енормно голем број добри намери и кај сите нив вложениот труд котира многу високо при самооценувањето, а резултатите се споменуваат само во оценувањето на работата на другите.

Улиците ни се полни со ѓубре, цветаат дивите депонии, воздухот не може да се  дише ни на цевче. Тоа е страшно и недозволиво, кога ќе дојдеме на власт имаме намера да го разрешиме тоа во најкраток можен рок, ќе направиме сѐ што е во наша сила да се справиме со проблемот. Крајниот резултат се: улици полни со ѓубре, диви депонии и загаден воздух што не може да се дише ни на цевче. Ние во власта многу се трудиме и правиме сѐ што е во наша сила, меѓутоа, не зависи од нас. Луѓето немаат совест, ни навики, како не им е срам, тоа е недостаток на култура и домашно воспитување, едноставно ние сме таков народ и тука ништо не се може.

Во сообраќајот владее невиден хаос, луѓето гинат на пешачки премини, автомобили ги гонат децата во училишните дворови, а пешачките зони се претвораат во најпривлечни паркинг простори. Тоа е страшно и недозволиво, кога ќе дојдеме на власт имаме намера тоа да го разрешиме во најкраток можен рок, ќе направиме се’ што е во наша сила да се  справиме со проблемот. Крајниот резултат е: невиден хаос во сообраќајот, луѓе што гинат на пешачки премини и автомобилски родеа во училишните дворови. Ние во власта многу се трудиме и правиме сѐ што е во наша сила, меѓутоа, не зависи од нас. Луѓето не ги почитуваат прописите, немаме средства за „пајаци“ , нема доволно сообраќајци или сообраќајната полиција мисли дека автомобилите во училишните дворови се проблем на педагозите. Во секој случај, тука ништо не се може.

Една третина од населението е без работа или не прима соодветен надомест за својата работа, стандардот е на мизерно ниско ниво, секојдневно се затвораат производни погони. Тоа е страшно и недозволиво, кога ќе дојдеме на власт имаме намера да го разрешиме тоа во најкраток можен рок, ќе направиме сѐ што е во наша сила да се справиме со проблемот. Резултатот е: уште повеќе невработени, уште понизок стандард и нови затворени погони. Ние во власта многу се трудиме и правиме сѐ што е во наша сила, меѓутоа не зависи од нас. ММФ, Светска банка, меѓународен фактор, комшии и оние до нив, тука ништо не се може.

Има преголеми буџетски издвојувања за администрацијата: премногу пари се трошат на потребите на вработените во државните служби наместо во корист на граѓаните и за задоволување на нивните потреби. Тоа е страшно и недозволиво, кога ќе дојдеме на власт имаме намера да го разрешиме тоа во најкраток можен рок, ќе направиме сѐ што е во наша сила да се справиме со проблемот. Резултатот е: поголеми буџетски издвојувања за плати на администрацијата, отпуштени секретарки и стручни соработници и вработени нови и во многу поголем број високи функционери, зголемување на издвојувањата на одделни државни институции на средствата за патувања, опрема, обука, наградување, а намалување на средствата за непосредните корисници на услугите. Ние во власта многу се трудиме и правиме сѐ што е во  наша сила, меѓутоа не зависи од нас. Е овде, навистина би сакала да го слушнам објаснувањето!

И така, во образованието и во дипломатијата и во социјалата и во здравството и во работните односи и во стандардот и во сигурноста на луѓето. Резултати нема или се негативни. Луѓето се незадоволни, а земјата упорно заостанува во светската трка. Меѓутоа, тука е добрата намера и ветувањето и, впрочем, е важно нешто да се прави.

Не е важен граѓанинот како замислен корисник на сите овие услуги, не е важно дали има резултати кои соодветствуваат на искажаните намери и не е важна ефикасноста во остварувањето на зацртаните цели. Никој не ги мери овие величини и никој не одговара ако на крајот се заврши со негатива или, во најдобар случај, со позитивна нула. На секој учесник во власта му следува награда за трудот што го вложил за да се довлечка (на било каков начин) во структурите што значат власт, награда за тоа што ги користел бенефициите и привилегиите на власта, награда за тоа што имал многу добри намери  и ептен добри желби и секако награда затоа што еден ден мора да ја напушти власта.

Резултат? Што беше тоа?

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ