На барање на Обвинителството, битолскиот бизнисмен Сиљан Мицевски, денеска сведочеше вослучајот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, преку фалсификувани уплатници, јавува Слободен Печат.
Сведокот на обвинителката Ленче Ристовска, Мицевски,нагласи дека ја финансирал и кампањата на СДСМ.
Инаку, во случајот Талир обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања” и „перење пари”, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари”.
За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ, чиј имот е замрзнат.