• Latest

Поранешни пратеници сведочеа за настаните на 27 април

September 18, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поранешни пратеници сведочеа за настаните на 27 април

September 18, 2020 11:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската седница на 27 април 2017 по барање на СДСМ, била закажана да продолжи на следниот ден 28 април. Ова денеска на судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, го изјави сведокот Стојан Миланов, заменик претседавач на седницата, кој истакна дека тоа барање било прифатено од претседавачот Трајко Велјановски, сега обвинет како еден од организаторите на насилните настани во законодавниот дом.

– Одговорно тврдам дека не сум имал никаква информација за тоа што се случи на 27 април. Исто така немаше никаква организација од Кратово, од страна на Социјалистичка партија на Македонија, за 27 април, рече сведокот Миланов, кој е актуелен пратеник во Собранието. Во своето искуство како пратеник тој додаде дека не се сеќава некогаш да се прекине расправа за одредена точка во Собранието, и да се продолжи со друга точка на дневен ред.

Сличен исказ пред судот даде и сведокот, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, кој истакна дека само еднаш присуствувал на протестите организирани од „За Заедничка Македонија”.

– Тие протести во тој период ги поддржував. Индивидуално еднаш присуствував. Со лицата Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, не сум имал никаков контакт. За ,,Тиранска платформа” се дискутираше меѓу пратениците и во медиумите, изјави сведокот Змејковски.

На денешното рочиште беше предвидено како сведок да се појави и актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, но заради неговите дневни обврски и претходните сведоци во случајот за „организаторите на 27 април”, тој ќе сведочи на некое од наредните рочишта. Спикерот Џафери како сведок во овој предмет е предложен од страна на одбраната на обвинетиот Трајко Велјановски.

Предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
 Обвинети се  поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ