Фејсбук статус на Лиса Баута Шаќири, за најавата од вицепремиерот Артан Груби за субвенционирање приватни фирми за вработување Албанци и други заедници, и изјавата на лидерот на Беса, Биљал Касами за двојазичност во приватните фирми.
https://www.facebook.com/lisa.bauta.shaqiri/posts/10158477565698536
-Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ќе вработуваат Албанци ( читај и други малцинства) додека Биљал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од Албанците не знаеле македонски!
Значи дечки да се разбереме!
Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости, а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство!
Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.
Тоа што вие како партија можете да направите е барем едно мало делче на кадарот што го вработувате, да не биде делегиран од вашата партија, туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци, без разлика дали има или нема вложено труд за партијата ( или поседува или не партиска книшка).
Второ, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.
Двојазичност не можете да наметнете и кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.
Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски, и албански, па се до поголеми фирми.
Конечно, престанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и кобајаги патриотска игра придонесува да уште поинфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците.
Фалеминдерит шуме, пријатно!