• Latest

Берлин против нови критериуми за Скопје, ЕУ испраќа помош од 120 милиони евра

September 23, 2020

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Берлин против нови критериуми за Скопје, ЕУ испраќа помош од 120 милиони евра

September 23, 2020 09:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, вчера оствари неколку средби со претставници на ЕУ, за прв пат откако е поставен на оваа позиција.

Шефот на македонските евроинтеграции се сретна со неговиот германски колега Михаил Рот, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на оваа година.

Димитров и Рот разговарале за усвојувањето на преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија и перспективата за одржување на првата меѓувладина конференција во декември, што е декларирана цел на германското претседателство.

Рот потврди дека Берлин останува посветен да ја оствари целта. Тој се осврна и на бугарската блокада кон Северна Македонија поради јазикот и историјата. Минатата недела повеќе медиуми објавија документ на Софија испратен до земјите членки во кој се бараат отстапки од Северна Македонија за идентитетски и историски прашања.

За германскиот министер земјите членки на ЕУ не треба да вметнуваат нови услови и критериуми.

-Конечно после долго време успеавме да оствариме напредок со Северна Македонија во Европа, германското претседателство од блиску внимава на тоа што се случува на западен Балкан. И повеќе од тоа, ние сакаме да видиме посветеност од ЕУ за западниот Балкан, западниот Балкан треба да може да смета на нас, изјави Рот за МИА.

Тој нагласи дека е постигнат значаен напредок под хрватско претседателство во март кога земјите членки, по повеќе одлагања, конечно се согласија да дадат зелено светло за старт на преговори со Албанија и Северна Македонија и дека целта на Германија е да се одржи првата меѓувладина конференција во декември оваа година.

-Ние себе се гледаме како чесни олеснувачи за да се изградат мостови стабилни за сите и разговараме за прашањата со нашите бугарски партнери, затоа што треба да работиме врз основа на тоа за што сме се договориле заедно, не треба да воведуваме дополнителни критериуми и услови кои не фигурираат во заклучоците на Советот (од март, нз), рече министерот Рот.

Германија ги повикува сите да работат „во конструктивен дух“.

-Западниот Балкан не е нашиот заден двор, туку внатрешен двор и во интерес на сите земји членки, посебно на оние кои им се блиски соседи, да се даде европска перспектива за да стане регионот место на мир, стабилност и помирување, рече германскиот министер за Европа.

Димитров вчера се сретна и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, со кои исто така се разговарало за преговарачката рамка како и за потребните реформи на патот на ЕУ, за кои Комисијата бара забрзување од македонска страна.

Од кабинетот на еврокомесарот Вархеји за МИА кусо објаснија дека се разговарало за „следните чекори до зелено светло за пристапни преговори“, што ја подразбира преговарачката рамка.

-Комесарот и вицепремиерот исто така разговараа за потребата да се забрзаат реформите како што се заложи новата влада, велат дд кабинетот на еврокомесарот.

Вархеји и Димитров разговарале и за економската помош на Европската Комисија за справување со последиците од пандемијата.

-Врз основа на финансискиот договор потпишан кон крајот на минатата недела ќе стигне сума од 40 милиони евра директна буџетска поддршка, а овие денови и транша од макрофинанскиот пакет во износ од 80 милиони евра, изјави Димитров.

Вицепремиерот бил „детално информиран“ од страна на Европската Комисија за најавениот Економски и инвестициски план кој треба да се објави на почетокот на идниот месец.

-Ќе мораме да се стрпиме бидејќи сѐ уште трае процесот на консултации, некаде на почетокот на октомври ќе биде објавен но очигледно пред нас е голема шанса за инфраструктурно поврзување, за зелена агенда, за економски развој на нашата татковина како и на регионот, рече вицепремиерот.

За крај Димитров се сретна и со потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, задолжен за “промоција на европскиот начин на живот“, односно за миграцијата.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, станало збор за важноста на мисијата Фронтекс “во овие моменти кога се реактуелизира прашањето на миграцијата“.

Потпретседателот Схинас изразил силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и подготвеност за поддршка од неговиот тим во областите од неговата надлежност.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ