• Latest

Викенд на лажни вести од ВМРО ДПМНЕ

October 6, 2020
Фото: Скриншот од видео на
DRM News

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон Њујоршката декларација со која се осудува руската агресијата врз Украина

September 26, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српски дронови над територијата на Косово; Бериша бара оставка од Рама поради објавени снимки за средба со трговци со дрога

September 26, 2025

Мицкоски: Т.н. Резолуција и текстот внатре ќе се разгледува по изброите, така го разбрав СДСМ

September 26, 2025
Горан Стојанов, градоначалник на Неготино /  фото: Општина Неготино

Неготинец му се заканувал на градоначалникот, кандидат за градоначалник и новинар преку лажен профил

September 26, 2025

„Да си ја вратиме државата“ – партијата на Јанко Бачев на локалните избори

September 26, 2025

Децата станаа реквизит во трката за градоначалник

September 26, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

September 26, 2025

УРБАНИ ПРИКАЗНИ: Одржлив развој кој го поттикнува културниот идентитет

September 26, 2025

АВМУ донесе Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025

September 26, 2025
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Дисциплинска постапка за 11 вработени во СВР Велес, по налог на Тошковски, во врска со пријавите за насилство што ги поднела убиената Росица Коцева

September 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Викенд на лажни вести од ВМРО ДПМНЕ

October 6, 2020 13:41
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ викендов се посвети на ширење на лажни вести и дезинформации со цел да се наруши угледот на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Во време кога има политички несогласувања со соседна Бугарија и додека членовите на македонската влада се обидуваат да ги надминат проблемите, бугарскиот портал Биг5 објави „ексклузивни фотографии од новото прибежиште на премиерот Зоран Заев“, односно дека има вила на Халкидики, Грција. Порталот тврди дека Заев редовно одел во вилата на одмор и дека не била купена на негово име, туку на име на друг член од семејството.

Веста која ја објави порталот Биг5 е лажна вест, односно непроверена и непотврдена. Сајтот нема соодветен импресум, така што не е познато кој работи таму. Меѓутоа, тоа не ги спречи дел од македонските портали блиски до опозицијата, оваа „ексклузивна вест“ да ја пренесат експресно и да ја шират масовно на социјалните мрежи.

По оваа лажна и тенденциозна вест, на Твитер се огласи Владата со демант:

Медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни. Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, дека премиерот Заев не поседува куќа во Грција.

Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни. Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок. Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност“, се наведува во соопштението од Влада.

И покрај демантот на Владата дека Заев нема вила во Грција, сепак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не пропушти прилика на Фејсбук да ја шири лагата за измислената вила на Заев: „Претпоставувам дека во сопственичкиот лист вие тешко ќе го најдете името на Зоран Заев, но истовремено сум сигурен дека во имотниот лист ќе најдете имиња кои што некако ќе можат да се поврзат со семејството Заеви“.

По стапките на лидерот и партиските портпароли исто така не пропуштија да се јават за „вилата на Заев“. Наум Стоилковски на Фејсбук напиша: „Сите се подновија, Зоран Заев со вила на Егејско…“, додека пак Димче Арсовски, ден потоа закажа и прес-конференција на оваа тема: „Странски медиуми вчера известија за имотот на блиски луѓе од семејството на Зоран Заев дека поседуваат нова луксузна вила на Халкидики, далеку поголема и полуксузна од онаа која ја знае јавноста. Ние не чувме никаков демант од семејството Заеви, дека никој од семејството Заеви не поседува ваков луксузен имот кој чини неколку милиони евра“, рече Арсовски.

Демантот од Владата не ја спречи пропагандната машинерија на опозицијата. Паралелно со пренесување на пресот на Арсовски за „вилата на Заев“, истите портали објавија понови „ексклузивни фотографии“, пренесувајќи нови фотографии од Твитер профилот на Чарлс бојкот.

Но, ако се побара на интернет ќе се најде истата вила која се продава или издава. Пример може да се најде и на страницата Букинг (booking.com).

Но, ова не е првпат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да презема цели операции за нарачка, создавање и пласирање на лажни вести дека Заев има куќа во Грција. И пред шест години, на 15 август 2014 година, порталот Курир објави лажна вест со наслов „Заев молчи – чија е ова куќа во Грција“?

Освен лажната вест за „вилата на Заев на Халкидики“, порталите кои се блиски до опозицијата објавија дека Судот во Стразбур одлучил дека важи аболицијата со која Иванов во април 2016 година ослободи од прогон 54 лица, односно дека не е и не може да биде повлечена или укината.

Министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук објави дека информацијата објавена во некои медиуми дека Судот за човекови права во Стразбур одлучил дека аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов важи – претставува „класична лажна вест“.

„Она што е точно е дека пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одредени лица обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО почнаа постапка со која ги проблематизираат тековните судски постапки во Северна Македонија, од аспект на аболициите на Иванов“, наведува Маричиќ.

Тој посочи дека Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25 септември 2020 година, на одговор до Владата доставил две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, a во однос на предмети кои се тековни пред домашните судови и се во врска со прислушкуваните разговори.

„Но, овие апликации не се одлучени од страна на ЕСЧП, туку на 25.09.2020 година, само се доставени на одговор до Владата на Северна Македонија, а постапката за нивно одлучување треба допрва да почне наредната година“, додава министрот за правда.

Според него, апсолутна шпекулација се информациите за евентуалните последици по тековните предмети пред домашните судови, кога предметните постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, а за исходот од постапките, секако ќе треба да се почека одлуката на Судот во Стразбур, која може да дојде и по три години.

„Сепак, со ширењето на лажната вест дека предметите потонале се врши притисок врз домашната правосудна власт да не одлучува по овие предмети. Но, исто така се открива и визијата за Правдата во очите на опозицијата. Нивна единствена визија за правда е аболицијата на Иванов. Судските процеси ќе продолжат по постоечките закони на нашата држава, а правда мора да има за сите, додава министерот Маричиќ во објавата на Фејсбук.

Лажните вести и дезинформации се штетни за демократијата. Граѓаните заслужуваат да бидат информирани и да не бидат манипулирани од политичарите.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ