• Latest

Џафери: Потребни се алтернативни решенија за работата на Собранието во алтернативни услови

October 25, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Потребни се алтернативни решенија за работата на Собранието во алтернативни услови

October 25, 2020 12:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери нагласува дека мора да се најдат алтернативни решенија за работата на законодавниот дом во алтернативни услови, осврнувајќи се на новонастанатата ситуација со работата на пратениците во услови на пандемија на Ковид-19.

Џафери во интервју за Радио Слободна Европа говори за тоа како ќе работи Собранието, откако неколку пратеници се заразија со Ковид-19, а самиот тој кажа дека засега нема опција законодавниот дом да заседава онлајн и дека би се гласало по примерот со пратеникот Арбен Зибери во посебна кабина.

-Сега се најдовме среде пандемија. Што вели народот, не дал господ пожар, каде ќе работи Собранието? Со Уставот е тесно дефинирано дека Собранието работи во собраниската зграда, во таа и таа сала и што сега ќе останеме заробеници на тоа? Скопје и скопската котлина е трусно подрачје, гледано сеизмолошки. Во случај на земјотрес и поголемо оштетување на објектот, каде ќе се одржуваат седници? Не е дефинирано, вели собранискиот спикер.

Нагласува дека затоа сега кога се соочиле со оваа ситуација е неопходно да се размисли за резервни правила, како и на кој начин би ја извршувале пратеничката функција и во такви услови, што нема да биде замена за редовната работа.

-Но во секој случај пратениците, субјектите, политичките партии имаат за право да имаат пристап онаков каков што пристапиле кон оваа идеја. Јас опстојувам на фактот дека ако не сега, во идно време ќе мора да имаме алтернативни решенија за алтернативна работа во алтернативни услови. За нормални услови кој нормален човек би побарал да си работи од дома? Но ситуацијата наметнува да размислуваме и за тоа, истакна собранискиот спикер.

Во врска со оценката на еврокомесарот Оливер Вархеји, која што е спомената и во извештајот на Европската Комисија дека има значително зголемување на употребата на брзи процедури во носењето на закони, Џафери вели дека за жал е така, но напоменува контекстот во кој работел законодавниот дом изминатиот период – членството во НАТО, интегрирањето во ЕУ, но и пандемијата на Ковид-19, придонел за таквата состојба.

-Ние ако ги споредиме 2018 и 2019 година како целосни години во кои работел парламентарниот состав во претходниот мандат, имало драстично намалувања на скратените постапки за носење на законите во 2018, што беше нотирано и во претходниот извештај за 2018 година, но од друга страна заради потребата за исполнување на спогодбите кои ги донесе Република Северна Македонија, заради потребата од реформскиот процес и брзината на времетраењето во кое тоа требало да се исполни, секако поради процедурите, вели Џафери.

Додава дека ако се одело во редовна постапка не ќе можело да се стигне да се заврши со сите тие постапки и процедури за да се исполнат предусловите за „она што стана и факт дека во 2020 станавме полноправна членка на НАТО“.

-Од друга страна во март веќе добивме одредница дека до крајот на годината би требало и формално да ги отвориме претпристапните преговори, тоа не би случило доколку не би се одело за дел од законите во скратена постапка. И во таа агенда секако Собранието требало да се реши дали ќе оди во скратена постапка на нејзина штета по однос на формалната оценка која се дава на крајот на годината или ќе оди во редовна постапка по која резултатот ќе биде негативен по државата во целина, и ние го избравме полесниот аспект на лошите нешта, во смисла поарно да биде состојбата односно оценката послаба по однос на Собранието за скратените постапки одошто државата да имаше последици по однос на членството во НАТО и отпочнувањето на претпристапните преговори. Во таа насока мислам дека го направиме исправниот избор, истакна Џафери.

Вели дека скратените постапки сега се поврзани и со пандемијата и оти Собранието повторно е во ситуација да бира или ќе оди по секоја цена на редовни постапки, а на штета на потребите за надминување на последиците од пандемијата или ќе применува скратена постапка, а ќе има забелешки за тоа.

Во интервјуто тој се осврна и на несогласувањата со Бугарија и евентуалното одложување на првата Меѓувладина конференција, напоменувајќи дека Собранието го ратификува Договорот за добрососедство и од него произлегуваат обврски за работа на мешовитите комисии од двете страни, кои треба да ги разгледаат разликите по однос на поимањата кои произлегуваат од самиот договор.

-Јас се надевам дека ќе рефлектираат и двете комисии, веројатно сега и водени од состојбите. Обострано политички можеби ситуацијата е подгреана повеќе отколку што е потребно, но во секој случај тоа е во надлежност на извршната власт, значи соодветно да си ја одржува комуникацијата и да доаѓа до соодветното решение, во смисла да се надминат сите тие разлики по однос на можното попречување, вели Џафери и додава дека тој е убеден дека работите ќе се стивнат и оти во декември би требало да отпочне Меѓувладината конференција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ