• Latest

Царовска: Учењето на далечина е успешен одговор на предизвиците од пандемијата

October 27, 2020

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Учењето на далечина е успешен одговор на предизвиците од пандемијата

October 27, 2020 10:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование продолжуваат да инвестираат во подобрување на дигиталните вештини и компетенции за да може секое девојче и момче да добие еднакви шанси за квалитетно образование“, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето на третиот Дигитален самит за Западен Балкан во Тирана (Албанија), којшто поради пандемијата се одржува онлајн.

„Пандемијата донесе дополнителни предизвици во организирањето на учење на далечина, нагласувајќи ја потребата за понатамошна и побрза дигитализација на училиштата и образовниот процес. Aко не инвестираме во дигитализацијата, затворањето на училиштата може да резултира со огромна загуба во развојот на човечки капитал и да донесе долгорочни економски и социјални импликации.  Затоа, иако кризата е силен стрес-тест за образовните системи, таа е исто така и можност за брзо прилагодување и развивање на образование во чекор со современите трендови. Во Северна Македонија успешно се реализира учење на далечина и 88 проценти од учениците без проблеми следат онлајн настава“, рече Царовска.

Со цел да се обезбеди развој на дигиталните вештини потребни во 21 век и дигитална трансформација, во Република Северна Македонија, креирани се неколку политики, како што е воведувањето на задолжително учење информатика во основното образование во шесто и седмо одделение и во осмо и деветто одделение како изборен предмет. Царовска истакна дека за поддршка на дигиталните вештини во нашата земја, се реализира програмата Училишта на 21 век, со поддршка на Британскиот совет.

Програмата се спроведува регионално и учениците на возраст од 10 до 15 години од Западен Балкан стекнуваат вештини за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање. Тоа им овозможува на учениците да развијат клучни вештини за размислување и решавање проблеми на забавен, интерактивен и иновативен начин, и тие имаат можност да ги применат овие вештини во пракса.

Mинистерството за образование и наука и Бирото за развој на образование следејќи го новиот дигитален акционен план на ЕУ, подготвуваат нови наставни планови и програми кои ќе обезбедат дигитално образование со високи перформанси, преку високо квалитетни содржини, подобрување на инфраструктурата како и на вештините и компетенциите на наставниците.

Третиот дигитален Самит кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес е насочен кон регионалната соработка и размена на искуство за дигитална трансформација на највисоко ниво. Дигиталниот самит WB6 има за цел да ги прикаже добрите практики на Западен Балкан, да ги потенцира достигнувањата и резултатите од дигиталната агенда и да ги истражи можностите за градење партнерства со приватниот сектор, во контекст на процесот на дигитална трансформација.

Самитот ја промовира дигиталната перспектива на Западен Балкан во контекст на интеграцијата во ЕУ, истовремено трасирајќи ја Дигиталната агенда, со цел да се даде приоритет на клучните цели за регионот.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ