• Latest

Дезинформациите не беа навреме препознаени како закана за демократијата

October 30, 2020

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025

(РЕПРИНТ) 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дезинформациите не беа навреме препознаени како закана за демократијата

October 30, 2020 09:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Одредени граѓански организации на Балканот, како Фондацијата Метаморфозис, пред скоро цела деценија почнаа да ги разгледуваат ефектите од дезинформациите, спиновите и пропагандата, но овие појави тогаш не беа препознаени како сериозна закана за демократијата. Владата нема ексклузивно место во борбата со појавата на дезинформациите, теориите на заговор и манипулациите, туку во таа битка треба заедно да настапат сите општествени чинители. Ова е заклучокот од вчерашната онлајн дискусија на тема пристапи во борбата против дезинформации, со посебен акцент на дезинформациите поврзани со пандемијата на ковид-19. Дискусијата беше организирана од страна на Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, а како дел од овогодинешните Денови на медиумска писменост.

Извршниот директор на Метаморфозис, Бардил Јашари посочи дека во процеост на промоцијата на доброто владеење пред десетина години било неопходно организацијата да се вклучи во делот на тоа какви информации им се достапни на граѓаните за да можат целисходно и рамноправно да се вклучат во каков било дијалог со државните институции.

„Ние многу рано почнавме да ги разгледуваме ефектите од дезинформациите, спиновите и пропагандата и уште тогаш забележавме дека се присутни, но не беа препознаени како сериозна закана за демократијата,“ рече Јашари.

Тој додаде дека процесот бил многу сложен бидејќи медиумите во тој период беа под влијание на тогашната власт и единствен слободен простор против девијациите во медиумите беа социјалните мрежи и интернетот.

„Токму и така започнува борбата на Метаморфозис“, вели Јашари. „Прво со создавањето на Вистиномер, кој прави анализа на изјавите и ветувањата на политичарите, а потоа со работа започнува и Сервисот за проверка на факти кој се занимава со fact checking на содржини во медиумите чија цел не е само раскринкување на дезинформациите, туку и едуцирање на граѓаните за присуството на говорот на омраза, дезинформациите и слично, додава тој.

Според него, како што поминуваше времето, така еволуираше и методологија и пристапот, но забележливо било дека проверката на факти, иако е суштински дел од борбата против дезинформации, не е доволна за справување со негативните и опасните ефекти од нив.

„Еден од заклучоците до коишто дојдовме тогаш е дека медиумската писменост и критичко мислење стануваат сè поважни“ вели Јашари, додавајќи дека без оглед на возраста на човекот, потребни се дигитални вештини кои ќе му помогнат безбедно да сурфа и да користи социјални мрежи, притоа критички да се аналзиираат добиените информации, да се процени нивниот квалитет и врз база на тој контекст да се формира свое мислење.

„Дезинформациите земаат замав, притоа тие немаат граници, вестите се пренесуваат од една во друга држава, дури некои се спрецифични за одредени теми во кризни моменти. Никој не може да биде сам во борбата со дезинформации, неопходни се повеќе напори бидејќи ова не е нешто што ќе се реши, постојано ќе има некои агенди кои ќе ги користат сите алатки што им се на располагање за да ги постогнат своите цели и да влијаат во процесите. Меѓусебната соработка е неопходна за намалување на негативните ефекти од овие појави кои можат и да го загрозат човечкиот живот“, дециден е директорот на Фондацијата Метаморфозис.

Советникот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за медиумски реформи, Зоран Бојаровски, на дискусијата истакна дека Владата е максимално транспарентна и отворена за соработка со сите медиуми, медиумски организации, поединци, но нема ексклузивно место во борбата со појавата на дезинформациите, теориите на заговор и манипулациите. Тој посочи дека Владата апсолутно, има свои важни обврски со кои треба да учествува во таа заедничка борба со сите засегнати страни во општеството, но факт е дека во ова сме вклучени сите заедно.

„Овие денови интензивно ми се враќа една мисла која ме враќа назад во 2000-тите години кога на хоризонтот можности што ги нудеше интернетот го гледавме врвот на една санта мраз и не можевме да претпоставиме што сè се крие под површината на морето. Денеска станува јасно што има и што се крие под сантата мраз со која ние силно се судираме со сите последици што ги носи“ рече Бојаровски, посочувајќи дека сега се соочуваме со ситуација која е перманентна, континуирана борба со сите лажни информации, дезинформации, манипулации, погрешни и злонамерни концепти кои се промовираат, застапуваат, шират и кои нанесуваат огромни штети за сите, вклучувајќи поединци, организации, влади, меѓународни организации итн.

Бојаровски се осврна и на тоа како Владата во изминатите неколку години, а особено и сега во текот на пандемијата се справуваше и се постави со таканаречената епидемија на лажни вести и дезинформации. Тој е дециден дека плодно поле каде што се развиваат овие појави се токму во периоди кога државата е во „клизни периоди“ и кризните ситуации. Како клучни периоди во нашата држава, кога Владата требала директно да се соочи со последиците од ширењето на овие појави, ги истакна периодот со референдумот за промена на името, како и актуелниот период со ковид кризата.

„Уште на 12 март, еден ден по прогласувањето на првата вонредна состојба, Владата преку соопштенија а потоа и на прес-конференција потсети дека ширењето на лажни вести е казниво според актуелниот кривичен законик. Ова не беше закана, туку беше факт и ние тоа го направивме имајќи ги предвид претходните искуства со кои се соочивме и само сакавме да потсетиме за овој член од законот. Реалноста што потоа се следуваше ни покажа дека сме во право на однос на тоа“ изјави Бојаровски, потсетувајќи на креирањето официјален комуникациски канал на кризниот штаб за справување со кризата од каде што луѓето може да се информираат со тековните настани и активности поврзани со корона вирусот.

Тој исто така ги спомена и секојдневните прес-конференции кои придонеле за одговор на сите прашања од страна на медиумите и граѓаните, со цел да се избегнат манипулации. Бојаровски не изостави да ја спомене и соработката со медиумите, но и со глобалните мрежи како Фејсбук, Јутјуб, и Вибер кои овозможиле Владата да се приближи до граѓаните и да ги информира за активностите поврзани со ковид-19.

Извршната директорка на Советот за етика во медиумите, Марина Тунева се согласи со Јашари и Бојаровски истакнувајќи дека борбата со дезинформации е нешто во кое треба да се вклучат сите чинители, осврнувајќи се на работата на СЕММ кој 5 години следи како и дали медиумите се држат до етичкиот кодекс. Во актуелната состојба со ковид-19, Тунева истакна дека прво реагирале со соопштенија и повици до медиумите да се избегнува сензационализмот, а воедно побарале отвореност и транспарентност од државните институции.

„Она што го забележа нашата пракса во изминатиот период е дека се интензивираше продуцирањето на лажни вести од февруари до јули, имајќи предвид дека се одржаа и парламентарните избори, што беше огромен предизвик за новинарите. Во однос на статистиката, бројот на претставки од јануари до јули се однесуваат на известување за пандемијата и тоа 46 отсто од нив се поврзани со член 1, односно објавување точни информации, како и околу 30 отсто поврзани со член 8 – во врска со сензационалистичкото известување, исто така имаше и претставки поврзани со непостоење на дистанца од политичките партии“ појасни Тунева, додавајќи дека во текот на пандемијата, борбата со дезинформации ги опфатила и високоразвиените земји кои се соочиле со слични проблеми.

Збор на панел дискусијата зема и Љупчо Петковски, истражувач при Центар за европски стратегии – „Евротинк“, кој истакна дека дезинформациите не се нова појава, но дека нормализирањето на теориите на заговор ќе ни покаже колку овој проблем е сериозен, без притоа да ги карактеризираме како „болест“, „канцер“ или слично. Тој накратко ги презентираше прелиминарните податоци од истражувањето на Евротинк, поврзано со инфодемијата, потенцирајќи дека 34,8 отсто од испитаниците веруваат во 2 од 4 конспиративни теории. Во истражувањето опфатени се неколку клучни прашања поврзани со корона вирусот, за тоа како настанал, дали 5Г мрежата е поврзана со вирусот, дали властите кријат информации поврзани со истиот и слично. Истражувањето ќе биде јавно објавено во текот на следните денови.

На крајот, се обрати и Владимир Петрески, уредник на „Критинк“ и „Вистиномер“ при Фондација „Метаморфозис“, кој зборуваше за начинот на којшто функционираат овие медиуми. Петрески појасни и за неодамнешната соработка со социјалната мрежа Фејсбук, односно начинот како се одвива раскринкувањето на лажни вести, теории на заговор, манипулации, пропаганда, а истите се поврзани со објави на Фејсбук.

извор: МЕТА 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ