• Latest

Советот на ЕУ не ги усвои заклучоците за „погрешно толкување на историјата“, бугарските барања излегуваат од параметрите

December 19, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Советот на ЕУ не ги усвои заклучоците за „погрешно толкување на историјата“, бугарските барања излегуваат од параметрите

December 19, 2020 10:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучоците за проширувањето на ЕУ со формулацијата за „погрешно толкување на историјата“ вчера не беа усвоени од страна на Советот на ЕУ, по блокадата на Чешка и Словачка. Овие две земји обвинија дека оваа реченица е еднаква на „фалсификување на историјата“ и потсетија дека не е на ЕУ да суди како се идентификува една земја, ниту кој јазик го говори и предупреди дека ваква реченица претставува опасен преседан за процесот на проширување понатаму, поради што тие не се во можност да дадат согласност за овие заклучоци.

Дипломатите во Брисел, според дописничката на МИА од Брисел, не паметат кога последен пат годината завршила без заклучоци за проширувањето на ЕУ, но по вчерашниот амбасадорски состанок е извесно дека овој пат тие нема да се усвојат, откако Чешка и Словачка оценија дека текстот оди предалеку во мешањето на билатералните спорови.

По месеци напорни дискусии со Бугарија околу вметнувањето на параграф кој гласи дека Договорите со Грција и Бугарија треба да им стават на крај на барањата поврзани за „погрешното толкување на историјата“, германското претседателство попушти на почетокот на оваа недела и прифати да се внесе реченицата. Иако до последен момент амбасадорите мислеа дека работата е завршена се огласија шефовите на чешката и словачката дипломатија вчера и побараа да се блокираат овие заклучоци сѐ додека прашањето не биде дебатирано на министерско ниво.

Според дипломатите во Брисел барањето на Чешка и Словачка не е примено со незадоволство и се изразува разбирање за нивниот став, освен во Софија.

Следниот состанок на кој ќе се разговара за проширувањето ќе биде идната година, под португалско претседателство, но за сега нема индикација кој ден точно тоа ќе се случи. 

Атмосферата во дипломатските кругови во Брисел и е наклонета на Северна Македонија, а посебно се нагласува фактот што никој во македонскиот државен врв не даде провокативни изјави, а земјата постојано покажува подготвеност за разговор и компромис, за разлика од Бугарија, чии провокативни изјави за историјата, јазикот и самоопределувањето не останаа незабележани.

Дипломатите исто така предупредуваат дека Бугарија треба „повнимателно“ да се однесува бидејќи и самата бара приклучување кон Шенген зоната, за што би можела да биде условена со „конструктивно“ однесување. Однесувањето на Бугарија ги шокирала и европските и американските партнери, надежта во Брисел е дека страстите ќе се смират во Софија од идната година. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ