• Latest
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

На новинарски прашања за трошоците, изворите на финансирање и можната употреба на јавни ресурси, владејачката партија одговори со една реченица, без ниту една бројка, документ или информација

June 18, 2026 14:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ експресно одговори на новинарско прашање на ЦИВИЛ МЕДИА за трошоците поврзани со одбележувањето на 36-годишнината на партијата, одржано во Струмица, под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“.

Прашањата беа испратени до Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ денеска, 18 јуни 2026 година, во 11:41 часот. Одговорот пристигна во 11:46 часот, пет минути подоцна.

Наместо информации за вкупниот трошок, изворите на финансирање, ангажираните правни и физички лица, евентуалното користење јавни ресурси и начинот на пријавување на трошоците, ВМРО-ДПМНЕ испрати одговор од една реченица:

„Прославата чини колку на Заев и Филипче еден викенд во Дубаи со Харис Џиновиќ.“

Тоа е сè.

Во продолжение, ги објавуваме прашањата во целост и оставаме јавноста сама да процени дали ваков „одговор“ ѝ прилега на владејачка партија во демократска земја, членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија.

Новинарско прашање до ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во интерес на јавната транспарентност и точно информирање на јавноста, Ве молиме да ни доставите информации за трошоците поврзани со одбележувањето на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, одржано во Струмица, под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“.

Ве молиме да одговорите на следните прашања:

  1. Колку изнесува вкупниот трошок за организација и реализација на настанот?
  2. Од кои извори се покриени трошоците за настанот?
  3. Дали за организацијата на настанот се користени средства од партискиот буџет, донации, спонзорства, услуги обезбедени од трети лица или други извори?
  4. Дали за настанот се користени јавни, државни, општински или други институционални ресурси, директно или индиректно?
  5. Колку изнесуваат трошоците поединечно за:
    • закуп или користење на просторот;
    • сцена, озвучување, осветлување и видеоопрема;
    • техничка продукција;
    • обезбедување;
    • превоз и логистика;
    • промотивни материјали;
    • медиумска и онлајн промоција;
    • други поврзани услуги и трошоци.
  1. Кои правни или физички лица биле ангажирани за организација, продукција, техничка реализација, промоција и логистика на настанот?
  2. Дали трошоците за овој настан ќе бидат пријавени во финансиските извештаи на партијата, согласно важечките обврски за финансиско работење и отчетност на политичките партии?

Би Ви биле благодарни доколку одговорите ги доставите во разумен рок, имајќи го предвид јавниот интерес за транспарентноста на финансирањето на политичките партии и нивните јавни активности.

Одговорот на ВМРО-ДПМНЕ во целост

ОДГОВОР НА НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ
18.06.2026

Почитувани,

Прославата чини колку на Заев и Филипче еден викенд во Дубаи со Харис Џиновиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Лош виц

Одговорот на ВМРО-ДПМНЕ не содржи ниту една информација од јавен интерес. Нема бројка. Нема извор на финансирање. Нема податок дали се користени партиски средства, донации, спонзорства или услуги од трети лица. Нема одговор дали биле користени јавни, државни, општински или други институционални ресурси. Нема список на ангажирани фирми или лица. Нема потврда дали трошоците ќе бидат пријавени во финансиските извештаи на партијата.

Има само досетка. Виц.

Тоа можеби е доволно за фејсбук статус или за навивачка публика. Но не е одговор на новинарско прашање. Уште помалку е одговор од владејачка партија која располага со огромна политичка моќ и која има обврска да покаже минимум почит кон јавноста.

Ако ВМРО-ДПМНЕ има информации или обвинувања за трошоци на други политичари, тоа е посебна тема. Но тоа не е одговор на прашањето колку чинела прославата на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста има право да знае колку чинел политичкиот спектакл на владејачката партија во Струмица.

Одговорот, всушност, открива повеќе од што сакаат да признаат. Тој открива однос кон новинарските прашања. Однос кон транспарентноста. Однос кон јавниот интерес. И, пред сè, однос кон граѓаните.

Кога власта на прашање за пари одговара со потсмев, тоа не е духовитост. Тоа е ароганција.

Кога владејачка партија одбива да каже колку чинел нејзиниот голем јавен настан, тоа не е комуникациска стратегија, туку избегнување отчетност.

Кога на конкретни прашања добивате одговор без ниту една конкретна информација, тогаш прашањето станува уште поважно: што точно се крие зад сцената, светлата, озвучувањето, логистиката, промоцијата и партискиот спектакл?

Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА останува отворена за вистински одговор од ВМРО-ДПМНЕ, со бројки, извори на финансирање и документирани информации. До тогаш, единствениот официјален одговор на владејачката партија е само лош виц.

Џабир Дерала

 


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ