• Latest

Милевски: Годината ја завршуваме со нова Програма за локален развој и децентрализација

December 20, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милевски: Годината ја завршуваме со нова Програма за локален развој и децентрализација

December 20, 2020 12:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Министерството за локална самоуправа не застана во спроведувањето на планираните активности, иако и здравствената криза и изборите го направија процесот посложен, сепак клучните проекти се реализираат во континуитет, со голема поддршка од Амбасадата на Швајцарија, УНДП и Делегацијата на Европската Унија“, го потврди сработеното за изминатите 100 дена од вториот мандат, министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

„Врз основа на претходно спроведената оценка на имплементацијата на Стратегијата за регионален развој, подготвивме нова Стратегија за наредниот десетгодишен период и нов Закон за рамномерен регионален развој, кои што веќе се усвоени од Владата. Создавање на поволно опкружување од страна на централната и на локалните власти за домашните и странски вложувања. Приоритет ни е обезбедување на одржлив систем на финансирање на општините со што ќе се зголеми нивното директно влијание на локалниот економски развој и вработувањето“, појасни тој.

Според Милевски, реализирани се нови осум инвестициски и осум иновативни проекти во сите 8 плански региони во вредност од 1,5 милиони швајцарски франци, средства од Буџетот и од швајцарската Влада. Зголемен е капацитетот и подобрени се условите во домот за згрижување на стари лица во Берово, целосно е реконструиран и адаптиран  ученичкиот дом во Куманово, подобрени се условите за живеење и учење на 120 ученици, создадени се услови за ученици со лесна физичка попреченост и за згрижување на жртви на семејно насилство.

„Исто така опремивме сензорни соби во Кочани, Штип и во Делчево за психофизички развој на децата со потешкотии во развојот, набавивме опрема за стекнување на вештини и професионално оспособување и реинтеграција на маргинализирани лица во Југоисточниот плански регион, го реновиравме и обезбедивме греење на базенот за рехабилитација во болницата Св. Еразмо во Охрид“, вели Милевски.

На листата успешни проекти се и инсталираните 23 агрометеролошки станици во сите 10 општини во Југоисточниот  плански регион како и комплетниот ремонт на агрометеоролошките станици во Пелагонискиот плански регион. Поставени се пластикмати за рециклирање на отпад во Североисточниот плански регион, реконструирано и доградено е полетувалиштето за параглајдеристи во Крушево за развој на авантуристистички туризам во Пелагонискиот плански регион, а по 40 години целосно се реконструирани двата ски лифтови на Пониква во должина од 692 метри,за развој на туризмот во Источниот плански регион.

„Во исто време имплементираме нови 26 проекти за рамномерен развој на 8-те плански региони во вредност од  321 580 000 денари, 18 проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби во вредност од 36 000 000 денари и 14 проекти за развој на селата во вредност од 15 460 000 денари, за подобра комунална и патна инфраструктура, сите финансирани од Буџетот на државата. Пред еден месец го објавивме  третиот  јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија во вкупна вредност од скоро 5 милиони евра. Повикот е отворен до 15 февруари. Во рамките на оваа ИПА Програма досега се реализирани 14 проекти во вкупна вредност од околу 6 милиони евра, дополни тој.“

Според Милевски во напредна фаза е процесот на програмирање на ИПА 3 за подготовка на новите Програми за прекугранична соработка на Северна Македонија со Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија и на Програмата Балкан-Медитеран. Со надлежните министерства од соседните земји веќе ги идентификуваме и стратешките проекти за наредниот програмски период. Делегацијата на ЕУ  објави јавен повик за проекти “ЕУ за општините”, во вредност од 5 милиони евра. Националното кофинансирање на проектите ќе се реализира преку Министерството за локална самоуправа, за што веќе се планирани средства во Буџетот за наредната година.

„Годината завршуваме со нова Програма за локален развој и децентрализација 2021-2026 година. Во моментов се одвива широк консултативен процес во кој учествуваат претставници на надлежните министерства, институции и граѓанскиот сектор. Уште во претходниот мандат Владата искажа политичка подготвеност за продолжување на процесот на децентрализација и финансиско консолидирање на општините. Во новиот мандат одиме кон подобрување на финансиската стабилност и самостојност на општините со воведување на систем за воедначување, како поддршка на помалите и посиромашни општини и систем за перформанси или наградување на поуспешните,  подобрување на локалните административни услуги преку поголема дигитализација, подобрување на комуналните услуги преку поголемо инвестирање во комуналната инфраструктура и подобрување на функционалноста на јавните комунални претпријатија, подобрување на социјалните услуги преку редефинирање на блок дотациите. Попрецизно дефинирање и зајакнување на улогата на општините во одговорот на кризи. Имаме големо искуство од КОВИД кризата и решенија како може да се функционира на уште подобар начин. И она што е особено важно, подобрување на транспарентноста, отчетноста и поголема вклученост на граѓаните, затоа што  локалната демократија е најважна за локалната самоуправа“, потенцираше Милевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ