• Latest

Дури 74 проценти од наставниците сметаат дека е неопходно да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни материјали

December 23, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дури 74 проценти од наставниците сметаат дека е неопходно да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни материјали

December 23, 2020 09:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За подобрување на квалитетот на учење неопходно е да се подобри квалитетот на учебниците и другите наставни средства и дури 74 проценти од наставниците истакнуваат дека е потребно да се подобри нивниот квалитет, истакна Ајше Ајрулаи, раководител на сектор во Бирото за развој на образованието за време на гостувањето во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ 21.

Ајрулаи, како што соопшти Министерството за образование и наука, нагласи дека пред да почне исцртувањето на новата концепција за основно образование се консултирани други концепции, документи, направено е истражување на ставови на наставници и искуства од други земји, анализирани се најразлични концепти. Истражувањето на ставовите на наставниците покажало дека незадоволството од содржините на учебниците е навистина големо.

– Новата концепција за основно образование оди кон иновирање и на материјалите од кои ќе учат учениците. Учебникот е само едно од наставните средства. Се оди кон дигитализација и на учебниците со што наставата ќе стане поинтерактивна, рече Ајрулаи.

Фактот што наставните програми нема да бидат содржински насочени, туку ќе бидат насочени кон резултатите од учење, ќе им овозможи на наставниците слобода на користење различни методи и активности кои ќе поттикнат развивање на сите потенцијали и интереси на учениците. Ајрулаи објасни дека учењето нема да биде врзано само со еден извор и ќе може да користи различни извори за учење.

– Наставните материјали ќе ги изработуваат најискусните наставници и најискусните професори. Тие ќе бидат во електронска форма, а за учениците што немаат можност да ги користат електронски, ќе може да се испечатат, рече Ајрулаи.

Професорката Лена Дамовска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, истакна дека низа индикатори покажуваат дека на образованието во земјава му се потребни драстични промени, а меѓу нив се и постигнувањата на нашите деца кои се исклучително слаби и на дното на табелата во Европа, што е една од причините за креирање на новата концепција за основно образование.

– Имаме проблем во квалитетот на наставата и во усвојувањето на знаењата. Затоа, неопходно е да се фокусираме на педагошките стратегии, на начинот на кој нашите деца учат и ги стекнуваат знаењата и на амбиентот во кој се стекнуваат тие знаења. Сметам дека оваа концепција ќе даде системска поддршка на оние кои ја реализираат наставата и ќе биде квалитативен исчекор во однос на промоција на партиципативната педагогија, придонесувајќи кон тоа како децата активно да учествуваат во процесот на стекнување на сопствените знаења“, рече Дамовска, додавајќи дека целиот документ се повикува на меѓународни документи и стандарди, вклучително и на Конвенцијата за правата на децата.

Таа истакна дека основното образование е базично во секоја држава и знаењата кои се стекнуваат во тоа базично образование се најзначајни, нагласувајќи дека новата Концепција ќе значи и вложување во основните училишта, во опремување на лаборатории и во набавка на нови учебници, нагледни средства и материјали.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ