„Слободата и демократијата немаат цена. Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија. 24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина.
Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството.
Ја живееме слободата.
Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања.
Редот, правдата и дисциплината се нови вредности.
Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното.
Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори.
Режим – никогаш повеќе!“, истакна Заев.












