• Latest

Заев: Формулацијата „заедничка историја“ помеѓу двата народи и двете држава е сериозна формулација на градење пријателство и европска иднина

December 31, 2020

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Формулацијата „заедничка историја“ помеѓу двата народи и двете држава е сериозна формулација на градење пријателство и европска иднина

December 31, 2020 08:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија не е грешка, туку историски чин и придобивка, и врз основа на него со идните политики ќе биде донесено решение во интерес на двата народи и двете земји и тој ќе го гарантира европскиот пат на Северна Македонија, а негово поништување само би не „вкотвило“ во балканското сивило, изјави премиеро тЗоран Заев на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања.

– Нашиот македонски идентитет и македонски јазик никогаш не биле на маса на преговоори и разговори и никогаш нема да бидат. Никогаш. Затоа што тоа е наше право, самоопределување, наша европска вредност и право зад кое што стоиме и очекувам од бугарската страна да направи чисто признавање на македонскиот народ и на македонскиот јазик без какви било задршки, уцени и резерви затоа што пријателите токму тоа го прават, рече Заев.

Според него, формулацијата „заедничка историја“ помеѓу двата народи и двете држава е сериозна формулација на градење пријателство и европска иднина. – Ако гледаме низ призмата на пријателството, со меѓусебно разбирање, дефинитивно ќе одиме напред, ако не ќе останеме изолирани како што бевме 12 години, додаде Заев.

Тој нагласи дека ретроградни процеси за поништување на договори и на нивни членови, апсолутно можат само да ја „вкотват“ целата македонска јавност и сите граѓани во балканското сивило без каква било мотивација, безнадежност и перспективност.

– Патриоти се тие кои го осигуруваат, обезбедуваат и заштитуваат македонскиот идентитет и јазик, а воедно ја осигуруваат, обезбедуваат и заштитуваат иднината на истиот тој народ кој зборува македонски јазик, како и на сите други народи кои живеат во нашата земја. Ако зборуваме со зборови на внимателност и пријателство можеме да им обезбедиме иднина на граѓаните. Денеска сме членка на НАТО како Македонци што зборуваат македонски јазик. Ќе бидеме и членка на ЕУ како Македонци што зборуваат македонски јазик, порача премиерот Заев.

Тој нагласи дека со Бугарија „бие европската битка заради европска иднина на нашиот народ, почитувајќи ги и партизаните и комитите, затоа што тие се дел од нашата историја“.

– Нема да се криеме, туку ќе се бориме затоа што нашите деца очекуваат да победиме во битките на 21 век, да бидат во ЕУ и да бидат сигурни и стабилни како што се сега во НАТО, а не во некои кулоари и крчми повторно да ни ја крчмат Македонија. Не, денеска таа е заштитена од НАТО и конечно оваа држава има имотен лист. Таа битка ја водам и ќе продолжам да ја водам европската битка, рече Заев во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

Тој потенцира дека 30 години во непријателство со соседите, не донесоа до тоа да ни се испразни државата и да ги изгубиме младите.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ