• Latest

Демант од Фондацијата Метаморфозис за објавата на ЗНМ и ССНМ за регулирањето на работните односи

March 5, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Демант од Фондацијата Метаморфозис за објавата на ЗНМ и ССНМ за регулирањето на работните односи

March 5, 2021 20:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Најостро реагираме на соопштението на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) кои без да побараат информација од нас, еднострано, брзоплето и без валидни аргументи јавно ја осудуваат Фондацијата Метаморфозис во врска со отпуштањето на г-ца Мемети. Дополнително, без докази и без причина инсинуираат, манипулираат и користат несоодветни и негативни етикети кон Фондацијата за причините за отказот на г-ца Мемети. На овој начин, ЗНМ и ССНМ го нарушуваат угледот на Фондацијата Метаморфозис, но истовремено го деградираат сопствениот кредибилитет пред сите, вклучително и нас кои во ЗНМ и ССНМ гледавме поддршка и добар пример. Најмалку што требале да направат ЗНМ и ССНМ при подготвувањето на оваа објава е да ги испочитуваат новинарски стандарди кои самите ги имаат дефинирано, но и да побараат официјално да се изјасниме и ги дадеме нашите аргументи како втора страна во случајот за кој пишуваат. Во оваа, но и во која било идна постапка што се однесува на овој случај ние лесно ќе докажеме дека сите процедури се запазени и тоа имајќи целосна почит кон достоинството на вработената. Никој во Фондацијата Метаморфозис не побарал од г-ца Мемети да се откаже од своите авторски права, или да престане да ги брани. Ниту е отпуштена „преку ноќ“, ниту е „жртвувана“, ниту „неправедно“, ниту заради нечија „сугестија“ како што се инсинуира во соопштението на ЗНМ и ССНМ. Исто така, Фондацијата Метаморфозис нема никаква намера кого било да замолчува, напротив, ги поттикнува сите одговорно да го искористат своето право на изразување без лаги, клевети, навреди и несоодветни етикетирања. Впрочем, преку реализација на дел од програмските определби на Фондацијата Метаморфозис со години се вложува, работи и ќе се работи на професионалната надградба на младите новинарки, новинари и медиумски работници.

Ја цениме грижата на ЗНМ и ССНМ, но ве уверуваме дека сите вработени во Фондацијата Метаморфозис, вклучително и новинарите ги имаат сите услови дефинирани со законите од областа на работните односи, здрави и безбедни услови за работа, редовна и навремена исплата на плата и придонеси. Дополнително, интерните процедури и акти на Фондацијата Метаморфозис ги забрануваат сите облици на дискриминација, а се води сметка да не се дискриминира по ниту една основа, ниту кој било да се става во нееднаква положба. Во нашите канцеларии сте добредојдени, можете слободно да добиете пристап до нашите процедури за работа, да разговарате со кој било наш вработен и ваш член и ќе се уверите сами во тоа. Тогаш можете да донесете заклучоци или евентуално да осудувате.

Иако сметавме дека нема да има потреба јавно да се искажеме во врска со овој случај, бидејќи се работи за интерна работа на секоја организација, сепак како одговор на сите напишани инсинуации и етикетирања, накратко, а во идни судски постапки и подетално ја информираме јавноста за случајот:

Според интерните процедури и акти на Фондацијата Метаморфозис, официјалната комуникација помеѓу сите вработени во фондацијата е во писмена електронска форма и тоа по е-пошта и по Мајкрософт Тимс (Microsoft Teams). Електронската комуникација стана задолжителна заради безбедносните и здравствените мерки поврзани со Ковид-19  и тоа со информација  пратена по електронска пошта до сите вработени и одлука закачена на огласната табла на Фондацијата од 13 март 2020 година.

Што се однесува конкретно до ангажманот на г-ца Мемети, таа доби прво писмено предупредување за нејзиното однесување на 18.11.2020 година. Опомената се однесуваше на недостатокот на транспарентност при нејзиното гостување во текот на претходниот ден, 17. 11. 2020 година, во емисија на медиум со кој работодавецот нема склучено договор за соработка , при што јавноста била доведена во заблуда во врска со работниот однос и сопственоста на содржините креирани како дел од договорот за вработување со Фондацијата Метаморфозис, односно Мета.мк. При тоа, без дозвола на уредникот, на медиум со кој не е склучен договор за соработка, г-ца Мемети има ставено на располагање фотографии врз кои Фондацијата Метаморфозис исто така има авторски права, а согласно склучениот договор за вработување. Дополнително, иако секој од вработените во Фондацијата Метаморфозис може да гостува во емисии, тоа дури и се поттикнува, но за тоа претходно треба да се информира претпоставениот. Г-ца Мемети за тоа гостување не известила никого од организацијата, ниту претпоставениот ниту кој било друг од организацијата,  а тоа според нашите процедури е минимум обврска на секој вработен.

Второто писмено предупредување го доби на 18.12.2020 година и се однесуваше на објавување напис и фотографии на друг медиум на 17.12.2020 година со кој работодавецот нема склучено договор за соработка, за што претходно на никаков начин не е известен ниту нејзиниот претпоставен ниту кој било од организацијата, во спротивност со договорот за вработување. И покрај тоа што е предупредена, таа не го поправа своето однесување и продолжува и понатаму со објавување на написи на друг медиум во повеќе наврати, наспроти обврските преземени со договорот за вработување во Метаморфозис.

Бидејќи продолжи со неодговорно и непрофесионално однесување на 24.02.2021 година доби писмено известување дека ја започнуваме постапката за прекин на работниот однос со отказен рок од 30 дена предвиден со закон.

Причините и истовремено основите за отказ се:

  1. Г-ца Мемети не ги почитува договорните обврски од договорот за работа во однос на неизвестување на работодавецот за суштински околности кои влијаат или би можеле да влијаат на неисполнувањето на обврските на работникот.
  2. Не ги почитува обврските во однос на вршење на работи кои спаѓаат во дејноста на работодавецот кои значат, или би можеле да значат конкуренција на работодавецот.
  3. Ги прекршува авторските права на работодавецот кои во случајот се поделени и припаѓаат и на работникот и на работодавецот.
  4. Го нарушува угледот на Фондацијата Метаморфозис преку своето однесување во социјалните мрежи.
  5. Неисполнување на работните задачи дадени од уредниците во подолг временски период.

Иако од г-ца Мемети е побарано да проследи настани и да достави фотографии од настани на кои била присутна и фотографирала таа истите не ги има доставено навремено. За ова, но и други конфликтни ситуации со колегите, имаме докази, кои кога ќе дојде време и ќе биде потребно, ќе ги приложиме.

Заради протоколите за безбедност поврзани со мерките за заштита од ширење на Ковид-19, целата комуникација си сите вработени во изминатиов период, во кој влегува и комуникацијата со г-ца Мемети, ја правевме по електронски пат, но секако оваа комуникација е отпечатена и соодветно архивирана.

Иако нашето очекување беше дека г-ца Мемети ќе го поправи своето однесување, за жал, наместо тоа таа почна да објавува лаги и клевети за Фондацијата Метаморфозис на социјалните мрежи. И покрај тоа што побаравме да ги повлече и да се извини, таа одлучи да не го направи тоа.

И за крај, токму заради тоа што не сакавме да ги отежнуваме и комплицираме работите, а уште помалку да ѝ наштетиме на г-ца Мемети и за ова да се расправаме со кого било јавно, ѝ понудивме спогодбено раскинување на договорот за вработување со отказен рок од 30 дена кое првично го прифати, а потоа го одби. Но, наспроти доживеаните потешкотии во работниот однос, во оваа прилика, Фондацијата Метаморфозис јавно и сесрдно ја препорачува на сите медиуми кои сакаат да ја ангажираат г-ца Мемети како талентирана фоторепортерка, пожртвувана и бескрупулозна во борбата за авторски и работнички права.

Оттука, бараме согласно член 14 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, во целост да го објавите овој демант на текстот со наслов „ССНМ и ЗНМ со целосна поддршка на својата членка Арбнора Мемети“ објавен на 05.03.2021 година. Бараме демантот да се објави на истото место и на ист начин како што е објавен текстот со наведените клевети.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ