• Latest
Стевче Дечев

Колку сме, толку сме, (не)токму сме!

March 16, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Колку сме, толку сме, (не)токму сме!

March 16, 2021 10:42
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Стевче Дечев

Стевче Дечев

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: СТЕВЧЕ ДЕЧЕВ

 

…некој дедо со внучето

до печката пак ќе седи

и приказна ваква стара

ќе започне да му реди…

Си беше еднаш, еден народ, Македонски. Беа како троскот. Неуништиви. Ниту војните, ниту сиромаштијата, ниту соседите, ниту раселувањето не им можеше ништо. Чиниш од инает само преживуваа. Но, на крај и на троскотот му скисна од нив и посака да биде друго растение. Зашто они од катилук сами се уништија. Не им најдоа лек за тоа. Вакцини за Ковид најдоа, ама вакцини за КАТИЛ луѓе не!

Инаку КАТИЛ е човек намќор! Човек без душа, без срце! Човек како од змија роден! За таквите ни сапун во уста за перење на јазикот не помага. Тешка беше нивната терапија. Длабоко беа заглибиле во лицемерие, љубомора, ситење на туѓи несреќи, пикање нос во туѓи манџи, фаќање сеир, немање човечност и немање желба за сограѓанство. Омразата, љубомората, политичката поделеност и зависта ги изедоа од внатре. Како епидемија се имаше проширено меѓу нив.

Тоше ги опеа во една песна. …што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи…

Можеби си спомнувате за еден виц кога човек минувајќи низ пеколот  видел дека таму за секоја држава имало посебен казан, а до него ѓаволче чувар. Само пред македонскиот казан немало чувар. И човеков запрашал: Зошто пред овој казан нема чувар? На ова му одговориле: таму нема потреба за чувар. Луѓето во казанот кога ќе видат како некој успева да се извлече за да не биде сварен, они сами го повлекуваат надолу. Е луѓе, последниве случувања, што со Евровизија, што со пожарот во Глобал во Струмица, баш ми дадоа јасна претстава за катил луѓето кај нас. Соседиве препки на секој чекор ни правеле и ни прават и со векови не успеале да не уништат, но затоа со ваков катил ние сами ќе се прегазиме. На крај ќе ни остане само стапот од знамето да се чукаме по глава.

Љубовта ја удавивме, но затоа милуваме само празници. Не заради славењето, туку заради гагата да се најадеш, да се наситиш на туѓа сметка. Затоа дефиницијата за празник кај нас доаѓа од зборот празно. Празни души станавме. Пу, пу скраја да е. Не се идентификувам со такви. Но заразни се. Не отруја. Ист воздух дишеме. Сакаш неќеш си велиш: Доста е! Не се трпи ова. Иако кај нас има само име Трпе, ова стварно не се трпи повеќе.

Да беше вицот за Мујо и Хасо од Македонија, сигурно ќе го раскараа и него. Дури и шапот и лигавката наслушнав овие луѓе не би ги изговарале заедно повеќе. Ако би влегле во Европска Унија, гарант и Европска ќе ја разделат од Унија. Не дај Боже да треба во САД (Соединети Американски Држави) или во ОАЕ (Обединети Арапски Емирати) да станеме нова членка, веднаш ќе ги разединат и ним. Катил луѓево, ти се брат алергични на обединетост.

За таквите, мислам на катил луѓето од кај нас, кои мислат дека Македонија е еден голем аеродром, имам еден поздрав со познатата пцост  кој гласи: Да ви ја летнам едрилицата!

Од вашиот катил не успеавте да прочитате дека: Александар Рибак, победникот на Евровизија од Норвешка во 2009 г. е всушност од Белорусија. Дека Хелена Папаризу победничката од Грција во 2005г. е со грчко шведско државјанство. Марија Наумова од Латвија победничка на Евровизија во 2002 г. пее и снима на Француски, Руски, Англиски, Португалски. Рок бендот победник во 1997 г. од Велика Британија е всушност и Американски. Победниците од Норвешка во 1995 се всушност од Ирска. Дури и Селин Дион победничка за Швајцарија во 1988 г. е со канадско државјанство, а пееше на француски. И победничката од Монако во 1971 г е Французинка. Листата е уште поголема.

Ако би барем малку прогуглате ќе дознаете дека дури 44 држави ги имаат во знамето белата, зелената и црвената боја. Италијанското, Мексиканското или старо Швајцарско знаме се многу послични со боите од уметничкото дело во спотот на Васил. Се прашувам, зошто на некои само на бугарското знаме им заличи кадарот во спотот за Евровизиската песна, кога боите на бугарското знаме се по хоризонтала. За баланс да би бил режисер на спотот, веднаш би го исекол тој кадар. Но тоа повеќе би било угодување на оние што не може никогаш да им се угоди. На мрчаторите. Всушност, да. Тие не би знаеле ништо повеќе од само мрчење. Но сепак сите имаме избор. Дали некој сака да погледне со други очи или ќе остане заслепен од некоја љубомора или омраза е личен избор. Позитивната критика е секогаш добредојдена. Но таа говори со делото за факти.

Позитивната критика би говорела за успешноста или неуспешноста на музичка кулминација на изведувачот или песната. Реалната критика би говорела за соодветноста на музичкото дело. За големината на пораката во песната. За ритамот. Како малку музички едуциран, со завршено основно музичко училиште би рекол дека песната „Here I stand“ има добра но не целосна кулминација. Ако ме прашате за соодветноста на песната за Евровизија, би рекол не е мој избор оваа песна. Но ако беше за Дизниевски цртан филм, би рекол да можеше да помине песната.

Ако говориме за талентот на Васил, би рекол дека дузина музички уметници кај нас можат и да му позавидат на успесите на дечкото. Но мрчаторите и катил луѓето одбраа да говорат за бугарскиот пасош. Искрено јас немам, бугарски пасош. Но сум имал 4 лични карти од други држави кога сум имал меѓународни ангажмани. За луѓето кои имаат бугарски пасоши, да, признавам во минатото сум гледал со „криви очи„. Но сум сфатил дека 95% од нив ги извадиле поради егзистенција. Но ако говориме со омраза за нив би требало да ги мразиме дури повеќе од 5 проценти од нашите сограѓани, пријатели, комшии, роднини. Ако продолжиме да говориме со таква омраза тогаш сме и против себе си. Зашто нашиот Устав дозволува да се има покрај македонското и друго државјанство.

Но, чуму ова објаснување, се запрашувам. На споменатите, дел од ова ќе им изгледа бесмислено. На ним навистина не им се докажува. Но битно, ние да продолжиме да говориме против омразата и зајадливоста. Можеби другата половина ќе стигне до ним!

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ