• Latest

Поднесени околу 400 амандмани за одлуката за продолжување на кризната состојба во дел од државата

March 22, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поднесени околу 400 амандмани за одлуката за продолжување на кризната состојба во дел од државата

March 22, 2021 14:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја одложи расправата по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија поради поднесени околу 400 амандмани, изјави за МИА  претседателот на комисијата Миле Талевски.

Членовите на Комисијата заклучиле дека Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија е прифатлив и може да се даде на понатамошно читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата го образложила министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија“ број 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 275/19 и 14/20), за професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување  на 45 години возраст, како една од законските понуди се пропишува обезбедување на  испратнина односно еднократен паричен надоместок, во износ од 1000 евра во денарска противвредност за секоја година помината на служба во Армијата, со услов, доколку повторно засноваат работен однос во Министерството за одбрана, во органите на државната и локалната власт, должни се полниот износ на исплатената испратнина да го вратат на Министерството за одбрана, како и дека истите нема да се оценуваат во годината во која навршуваат 45 години возраст, стои во Предлог-законот.

Во поглед на вонредното унапредување на офицер во непосредно повисок чин, покрај годините кои треба да ги помине во чинот кој го има, се наведува, се пропишуваат и условите под кои офицер поставен на должност во Генералштабот на Армијата и офицер поставен на должност во Министерството за одбрана, ќе може да биде вонредно унапреден во непосредно повисок чин, една година порано од времето утврдено за унапредување во Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Со оваа законска измена, меѓу другото се пропишува и начинот на определување на висината на пензијата на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, на кој му престанува работниот однос со остварување право на пензија по исклучокот предвиден во членот 218-а) став (5) од Законот, со што се предвидува дека, висината на пензијата ќе им се утврдува во зависност од должината на исполнетиот пензиски стаж, а пензиската основица во висина од 80 проценти од просечната нето- плата што активниот воен и цивилен персонал ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, ќе се намалува за 0,5 проценти за секоја година пензиски стаж пократок од 40 години.

Средствата за исплата на пензијата до навршување на годините на живот за остварување на правото на старосна пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за одбрана, а правото на пензијата се остварува во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.

На дневниот ред на седницата беа и Предлог – законот за изменување на Законот за заштита од експлозивни материи и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за странци, во второ читање. На усвоената агенда меѓу другите точки на седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    171 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ